Србија лани со рекордни 3,9 милијарди евра странски директни инвестиции


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека Србија ја завршила 2021 година со повисока стапка на странски директни инвестиции од рекордната 2019 година. Станува збор за 3,9 милијарди евра. „Мислам дека Рузвелт еднаш рече дека признанието, наградите и благодарноста одат на оние кои се борат, на оние во арената, на рингот, а не на оние […]

Во Србија повеќе од 7.500 новозаразени, починаа 23


  Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа регистрирани се 7.652 новозаболени со Ковид-19. Починаа 23 пациенти, а на респиратори се 83 луѓе. Како што беше најавено, веднаш по новогодишните празници бројот заболени нагло почна да расте. Лекарите велат дека сојот омикрон веројатно е доминантен и дека бројот заразени ан дневно ниво уште […]

Во Хрватска близу 9.000 позитивни, починаа 36 пациенти, од понеделинк нови мерки


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.817 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 42.242. Од нив 1.820 пациенти се на болничко лекување, а 249 на респиратор. Тестирани биле 19.865 луѓе. Починаа 36 лица. Поради порастот на заразени, за што виновна е новата варијанта омикрон, […]

Од понеделник во јавниот превоз во Словенија само вакцинирани и прележани


  Негативен тест на корона вирус во Словенија без карантин од понеделник ќе важи покусо отколку сега, потврдено е со новиот протокол со кој владата реагира на брзото ширење на омикрон варијантата. Валидноста на негативниот ПЦР тест за влез во Словенија се намалува на 48 часа од земањето на брисот, а брзиот антигенски тест 24 […]

Омикрон доминантен во Словенија, навлегол и во болницата „Јесенице“


Омикрон варијантата на коронавирусот стана доминантна во Словенија, претежно се шири локално, но има повеќе увезени случаи кај младите кои ја дочекаа Новата година во Белград, а медиумите пишуваат дека омикрон навлегол во една болница. Меѓу близу 900-те млади кои во организација на словенечка туристичка агенција ги дочекаа новогодишните празници во Белград, досега се потврдени […]

Бугарски новинари осудени за клевета, ќе платат по 20.000 лева казна


Двајца новинари во Бугарија и една веб-страница се осудени за клевета и им е наложено да платат околу 35 илјади долари казна а написи објавени во 2018 година, што се опишува како пресуда без преседан, јавува бугарскиот сервис Радио Слободна Европа. Софискиот градски суд (ДСК) утврди дека Борис Митов, сега новинар во бугарскиот сервис на […]

Демографски колапс на Бугарија – сега има 6,5 милиони жители


Вројот на населението на Бугарија прогресивно се намалува – сега државата има 6,5 милиони луѓе. Тоа значи дека има помалку 844 илјади луѓе во споредба со пописот во 2011 година, или 11,5 проценти. Овие податоцви ги претстави Националниот статистички институт (НСИ) како прелиминарна проценка на пописот спроведен во септември-октомври минатата година. Демографскиот колапс главно се […]

САД отвораат база за специјални операции во Албанија


Американската команда за специјални операции за Европа (SOCEUR) ќе отвори база во Албанија на ротирачка основа, објави во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама. SOCEUR, со седиште во Штутгарт, Германија, на својата веб-страница објави дека базата во Албанија ќе обезбеди поголема соработка со албанските сојузници, важен пристап до транспортните центри на Балканот и поголема логистичка флексибилност, […]

Словенија се задолжи за 1,75 милијарди евра


Со издавање на две обврзници Словенија во средата се задолжи за 1,75 милијарди евра, прво задолжување во 2022 година, во кое државата планира да позајми вкупно пет милијарди евра. При првото влегување на финансиските пазари оваа година Словенија пласираше 4-годишна обврзница со обезбедување на 1,25 милијарди евра, додека 40-годишната обврзница собра 500 милиони евра. Така […]

Во Хрватска регистрирани рекордни 9.058 нови ковид случаи, позитивни 45 отсто од тестираните


Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови позитивни на корона вирусот, најмногу досега. Уделот на позитивни е 45 отсто, односно биле тестирани 19.975 лица. Хрватските медиуми јавуваат дека неофицијално се споменува и воведување нови мерки. Инаку, рекордот беше соборен и вчера, кога имаше 8.587 нови случаи на позитивни на корона вирусот. „Петтиот бран е веќе тука, […]

САД официјално воведоа санкции против лидерот на босанските Срби Додик


САД ја проширија листата на санкции која е поврзана со корупцијата ширум светот, а од денеска на листата се поединци и компании кои работат во Босна и Херцеговина. Откако американското Министерство за финансии објави проширена листа на санкционирани лица и компании од Србија, Хрватска, Косово и Бугарија во декември поврзани со корупција и други незаконски активности, „црната […]

Драстичен скок на новозаразени во Србија, дури 415 отсто повеќе од минатата недела


  Во Србија денеска се регистрани 7.488 новозаразени со Ковид-19, а починаа 25 лица. Тестирани биле 25.516 лица, а 74 пациенти се на респиратор. Вчера, од тестирани 21.876, позитивни беа 5.224. Вчерашниот ден донесе скок од 200 отсто, во однос на претходната среда, а денеска тој скок на неделно ниво е уште поголем, бидејќи тогапш […]

Зголемен бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 во Бугарија


Во Бугарија во изминатите 24 часа се регистрирани 6.252 нови случаи на корона вирус. Ова е втор најголем број новозаразени лица во еден ден од почетокот на пандемијата во 2020 година, откако на 26 октомври 2021 година беа потврдени 6.816 случаи. Од направените 42.828 тестови, 14,6 отсто биле позитивни во однос на највисокиот процент од […]

Хрватска денеска со 8.587 новозаразени, уделот е 46 отсто


  Рекорден број новозаразени забележани се денеска во хрватска, со 8.587 заболени од Ковид-19, а уделот на позитивни од тестирани е 46 отсто. Истовремено починале уште 32 пациенти од последиците на болеста. Активни се 35.202, а од нив 1.841 пациент се лекуваат во болница, додека на респиратор се 230. Од почетокот на епидемијата во хрватска […]

Бугарската министерка за надворешни работи Генчовска позитивна на Ковид-19


Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, е позитивна на тестот за Ковид-19. Во изминативе денови Бугарија бележи порастот на случаите на коронавирус што забележа голем пораст на нови инфекции. Министерството за надворешни работи соопшти денеска дека Генчовска, која е вакцинирана со две дози „ќе остане под лекарски надзор“. Во соопштението не е наведено дали […]

Словенија разгледува задолжителна вакцинација


  Со новиот пораст на заболени од корона вирус, во Словенија се појавија иницијативи за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, а таков предлог денеска изнесе и Комитетот за медицинска етика. Комисијата е советодавно тели на Министерството за здравје и предложи до Владата да разгледа задолжителна вакцинација, во моменталната состојба најпрво за згрозените групи и работниците […]

Косово забрани рударење на криптовалути


Владата во Приштина донесе одлука да го забрани „рударење“ на криптовалути во Косово, бидејќи се трошат големи количества струја. Косовската министерка за економија Артане Ризваноли изјави дека по препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на „рударење“ на криптовалути, го пренесува Косово онлајн пишувањето на порталот Репортерс. – Врз […]

Скок на бројот заразени во Србија, повеќе од 5.000


  Според последниот пресек, денеска во Србија регистрирани се уште 5.224 лица. Во последното деноноќие од заразата починале 19 пациенти. На респиратори се 79 пациенти, а на болничко лекување 2.188. Тестирани биле 21.876 лица. Епидемијата од корона вирус во Србија однесе 12.806 животи, а процентот на смртност е 0,98 отсто. Во Србија досега од Ковид-19 […]

Во Хрватска речиси 6.000 новозаразени


Во Хрватска денеска има голем скок на бројот на заразени, односно регистрирани се 5.845 нови случаи со корона вирусот, а активни се 28.889. Од нив 1.817 пациенти се лекуваат во болница, а 233 се на респиратор. Починаа 46 пациенти до последиците на Ковид-19. Вкупно, од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 починаа 12.699 лица. […]

Во Хрватска потврден првиот случај на флурона – корона вирус и грип одеднаш


Во Хрватска потврден е првиот случај на т.н. флурона – кога некое лице има и грип и корона вирус одеднаш, јавуваат хрватските медиуми. Јасмина Вранеш, раководител на Одделот за клиничка микробиологија на Националниот институт за јавно здравје од Хрватска за ХРТ потврди дека на една пациентка вчера ѝ биле дијагностицирани двата вируса – грип и […]