Поскоро затворање на термоелектраните на јаглен во фокусот на новата кампања „Обединет Балкан за чист воздух“


Што поскоро да се затворат термоелектраните на јаглен во регионот, а граѓаните да учествуваат во одлучувањето е фокусот на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“ која ќе се одржи втора година по ред. Целта на кампањата која почнува од 20 декември, е да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците […]

Турската централна банка интервенираше, лирата закрепна


Централната банка на Турција денеска интервенираше на „нездравите“ пазарни цени по што турската лира силно закрепна од рекордно ниско ниво. Турската валута драстично падна во ноември, по одлуката на централната банка за дополнително ублажување на монетарната политика и покрај зголемената инфлација, што ја поддржа претседателот Реџеп Таип Ердоган, наспроти експертската јавност, која наиде на бројни […]

Во Хрватска новозаразени 5.709, а починаа 68


Во последните 24 часа забележани се 5.709 нови случаи на зараза со корона вирус во Хрватска, а активни се 32.014. Меѓу нив 2.454 пациенти се на болничко лекување, од кои 312 на интензивна нега. Починаа 68 пациенти. Помалку заразани од минатата недела По една недела денеска во Хрватска 6.136 новозаразени, а починаа 67 луѓе. Уделот […]

Црна Гора: Скапата струја го гаси Комбинатот за алуминиум, 500 луѓе без работа


Раководството на Комбинатот за алуминиум (КАП) им најави на своите работници да се подготват за постепено затворање на оддели во Електролиза, односно целосен прекин на производството на алуминиум од 15 декември поради високите цени на струјата од 1 јануари, кога им истекува постоечкиот договор за снабдување со Електростопанство, објавија Вијести. КАП струјата сега ја плаќа […]

Нова сообраќајка на автопатот Струма, џип излетал од патот


Рано утринава се случи нова сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, каде пред неколку дена беше опожарен македонски автобус, при што починаа 45 лица. Денеска, кај атарот на селото Бошнек, џип излетал од патот и удрил во банкина, по што десетици автомобили подолго време останале заглавени во снежната лавина. Инаку, бугарските експерти велат дека […]

Вработена во Лидл убиена со нож среде маркет во Сплит


Хрватска- Жена е нападната во Лидл Маркет во Сплит, попладнево, пред 15 часот. Починала како последица на повредите со нож кои и биле нанесени од страна на маж, кој, според тамошните медиуми, и бил партнер. Медиумите објавуваат дека маж ја нападнал вработената во Лидл пред очите на купивачите. Ја уби со повеќе убоди притоа неконтролирано […]

Дука: Автопатот „Патот на Арбр“ е можност за економски просперитет на поширокиот регион


Изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (патот на Арбр), кој вчера беше пуштен за сообраќај, а ги поврзува Албанија и Северна Македонија, кај Дебар, е од огромно значење за економски процут на поширокиот регион од двете страни на границата, оцени за МИА, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука. Тој заедно со делегација на Општината, по покана […]

Истрага: Смртта на 20-годишната девојка во Словенија поврзана е со вакцината


Истрагата која се водеше за смртта на 20-годишната девојка која почина по вакцинација со „Џонсон и Џонсон“ потврди дека трагичните компликации се резултат на вакцината, потврди коориднаторот Зоран Симоновиќ. Петчлената комисија беше составена од тројца клинички лекари, фармаколог и Симонович, како претставник на епидемиолошката струка. „Комисијата ја набави потребната документација од пациентот кај кој по […]

Вучиќ со прашање до ЕУ: До кога ќе молчите за Голема Албанија?


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе испрати писмо до сите шефови на држави и влади во кое ќе побара објаснување и одговор на прашањето – како е можно Албин Курти да зборува за обединување на Косово и Албанија, а сите во Европа да молчат за тоа и дали би молчеле и за слични изјави доколку […]

Српската влада ги ограничи цените на основните прехранбени производи


Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за ограничување на цената на основните прехранбени производи: шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинско месо и млеко – така што нема да го надминуваат ценовното ниво од 15 ноември 2021 година. Ограничувањето на цените е поставено за да се отстранат штетните последици и […]

Во Хрватска нови 73 жртви на ковид-19


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се je 3.858 нови случаи на зараза со корона вирус, па бројот на активни случаи сега изнесува 29.437. Од нив 2.512 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респиратор се 314 пациенти. Денеска има дури 73 жртви на Ковид-19.

Љубљана во чад по голем пожар, на луѓето им е речено да останат дома


Во голем магацин во една љубљанска населба ноќеска изби пожар поради што над овој дел од словенечката престолнина се шири густ чад. На локалните жители препорачано им е да останат во своите домови и да не ги отвораат прозорците, пренесе СТА. Огнот се прошири од палети наредени покрај зграда и го зафати магацинот на неколку […]

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди Турција


  рано утрово регистриран е силен земјотрес од 5,1 степен според Рихтеровата скала во Егејското Море, во близина на Турција, јави турската Управа за катастрофи и вонредни состојби. Епицентарот бил во провинцијата Измир, на длабочина од 3,97 километри, пренесе Анадолија. Регистириран е дополнителен земјотрес со јачина од 4,3 степени на длабочина од 7,16 километри. За […]

Короната коси во Бугарија – 224 починати во последниот ден


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 3.020 нови случаи на корона вирус од направени 36.559 тестови, што значи дека 8,26 отсто од земените мостри се позитивни. Излечени во претходниот ден 2.965 души. Починаа дури 224 лица, од кои 91,52 отсто не биле вакцинирани. Од почетокот на пандемијата, битката со вирусот во Бугарија ја […]

Се преврте македонски камион во Хрватска, возачот е повреден


Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац, пренесуваат медиумите во регионот. Несреќата се случила околу 17 часот и 5 минути кога возилото со северномакедонски регистерски таблички се превртело, при што неколку возила што ги превезувал камионот, паднале од платформата. Сообраќајот на автопатот […]

Драма на хрватските ватерполисти во авион на враќање од Белград: Луѓето врескаа, повраќаа..


Ватерполистите на хрватскиот ватерполо клуб „Југ“ доживеале големи непријатности на летот од Белград до Тиват, кога гром удрил во авионот со кој летале. Според порталот „Дубровник нет“, ватерполистите и управата на клубот летале со авион на „Ер Србија“, кога околу 14 часот, при слетување на аеродромот во Тиват, удрил гром во леталото. „Колку пати сум […]

Расте бројот на жртви во невремето во Истанбул


Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 19 се повредени, јави агенцијата Анадолија. Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците на Кабинетот за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин. Наведено е дека се повредени 19 лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат […]

Пуштен за сообраќај автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр)


По повод 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија од фашистичките окупатори, пуштен е во употреба автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр), кој ја поврзува Албанија со Северна Македонија на границата кај Дебар. Премиерот Еди Рама, придружуван од министри беше пречекан со тапани од голем број жители од околијата Пешкопеја, но и од […]

Катастрофална бура во Истанбул, двајца мртви


Катастрофална бура го зафати денеска во попладневните часови Истанбул и други делови од Турција, при што загинаа најмалку двајца.   Бурата предизвика голема материјална штета во градот со околу 15 милиони жители. Како што пренесуваат туските медиуми, една жена загинала откако откорнат покрив паднал врз неа и нејзиното дете. Анадолу пренесе дека детето преживеало, но […]

Повеќе од 2.100 новозаболени во Србија, починаа 49


  Во Србија денеска се потврдени 2.180 новозаболени од Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа 49 лица. Тестирани биле 14.444 примероци, а на респиратор има 203 пациенти. Седница на Кризниот штаб закажана е за среда, а медиумите во Србија пренесоа дека медицинскиот дел од тој тим барал денеска да се одржи итна седница […]