„Национал“: Дронот е украински, бил наменет за руските позиции


Беспилотното летало, што на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана. Истиот извор за „Национал“ открил дека е извесно дека авионот излегол од контрола и оти […]

Петков: Грешка е што Бугарија се откажа од евтин гас од Азербејџан


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека е грешка што Бугарија се откажала од евтиниот гас од Азербејџан, пренесува БГНЕС. „Погледнете што се случува на светскиот пазар. Вчера цената на гасот беше 114 евра за мегават/час, немаме гас, можеме само да купуваме. Тоа што се откажавме од евтин гас од Азаербејџан е грешка. Единствено што […]

Во Грција целосно вакцинирано 72 отсто од населението


Грција– Над седум и пол милиони Грци, односно 72 отсто од општото и 80,8 проценти од полнолетното население во земјата се целосно вакцинирани, додека пак од почетокот на процесот на имунизација во Грција аплицирани се 20.320.000 дози, согласно податоците што ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на […]

Од денеска патувањата во Грција без PLF формулар


Грција– Електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form) што досега беше неопходен за патување и влез во Грција, од денеска и официјално се укинува, а остануваат во сила актуелните правила за задолжителен документ за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Сите посетители на Грција, независно од националноста и начинот на влез во земјата, повеќе нема да […]

Од полноќ рекордни цени на горивата во Црна Гора, литар БМБ 98 чини 1,78 евра, дизелот 1,73 евра


Цените на горивата во Црна Гора од полноќ ќе достигнат историски максимум, со поскапувања од 16 до 29 центи, пишува подгорички „Вијести“. Како што претходно објавија црногорските медиуми, од утре бензинот поскапува за 16 центи, така што литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 ќе изнесува 1,74 евра. Еуродизелот поскапува за 28 […]

Министерот за одбрана на САД во посета на Бугарија, Петков разговараше со Харис


Министерот за одбрана на САД Лојд Остин оваа недела ќе ја посети Бугарија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Остин во вторник ќе отпатува за Брисел каде ќе се сретне со колегите од другите членки на НАТО. Потоа ќе ја посети Словачка, а денеска во програмата е […]

Вучиќ: Ќе биде „целосна катастрофа“ ако Бугарија ја запре испораката на гас од Русија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека за Србија ќе биде „целосна катастрофа“ најавата на Бугарија дека ќе го затвори гасоводот доколку Русија почне да плаќа транзит во рубљи, јави Бета.  – Тоа за нас е целосна катастрофа. Сите други ќе добијат нешто. А ние немаме каде да добиеме ништо, освен преку Берегово од […]

Во Словенија од утре регулирани цени на горивата


Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека словенечката влада денеска ќе донесе одлука, според која од утре ќе се регулираат цените на нафтените деривати, за да нема трето поскапување за помалку од една недела. Тоа го изјави Јанша во Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање. Пратеничката Јања Слуга претходно изјави дека дистрибутерите утре планираат да ги зголемат […]

Во Хрватска уште 141 новозаразен, но 18 пациенти починаа


  Во последните 24 часа во хрватска регистрирани се 141 новозаразен со крооан вирус, а едновремено починаа уште 18 пациенти.. Бројот на активни случаи денеска изнесува 8.497. Од нив 774 се лекуваат во болница, а 51 пациент се на респиратор. Починаа 18 лица, или вкупно досега 15.354. Од почетокто на пандемијата забележани се 1.073.527 лица, […]

ЕК од Србија очекува постепено усогласување со надворешната политика на ЕУ


Европската комисија денеска порача дека Србија треба постепено да се усогласи со одлуките на ЕУ во областа на надворешната политика, вклучително и Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Србија засега иако ја поддржа резолуцијата иницирана од ЕУ во Обединетите Нации за осуда на руската инвазија на Украина, одбива да изрече санкции против Русија како […]

Во Словенија 907 новозаразени, трендот на пораст трае од минатата недела


  Во СЛовенија, во последните 24 часа потврдени се 907 новозаразени со Ковид-19, а починаа шест пациенти, објави денеска владата. Со тоа, трендот на влошување на епидемиолошката состојба од поечтокот на минатата недела, продолжува. Според Институтот за јавно здравје, во земјата има 25.910 активни случаи на зараза, а во благ пораст се и другите епидемиолошки […]

Доминација на десницата во Србија – само еден претседателски кандидат од левицата


  „Кандидатите за претседател на Србија го одразуваат идеолошкиот пресек на електоратот што се префрли надесно во Србија со падот на илузиите за Европската унија како суштински морален пол на светската политика“, изјави политикологот Младен Мрдељ за „Данас“. На левата страна од политичкиот спектар се наоѓа само еден кандидат Билјана Стојковиќ. Тој објаснува дека сегашниот […]

Премиерот Рама соопшти седум мерки од социјалниот пакет и посака недела со помалку стрес


Албанскиот премиер Еди Рама, објави дека е донесен социјален пакет од седум мерки велејќи дека „ова е владата која во тешки денови никогаш не ги остава сами оние на кои им е потребна заштита“. На граѓаните им посака недела со помалку стрес од несаканите последици од војната која „ниту ја почнавме, ниту можеме да ја […]

Од утре се укинува задолжителниот ПЛФ формулар за влез во Грција


Грција– За патување во Грција, од утре, повеќе нема да биде потребно да се пополнува формуларот ПЛФ (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци беше задолжителен и неопходен документ за влез во земјата, а важеше и за државјаните на Северна Македонија кои патуваат кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за туризам на […]

Мицотакис позитивен на Ковид-19


Грција– Преку видео на официјалниот Инстаграм профил, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 по рутинското тестирање со рапид тест направен утрово во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина. -Во последниот период сите се занимаваме со војната во Украина и со поскапувањата на цените, но коронавирусот е сè уште тука. […]

„Национале“: Уапсени 48 припадници на косовската погранична полиција во антикорупциска операција


Сите припадници на косовската полиција од две смени на граничните премини Ќафе Пруш и Ќафе Морине на границата со Албанија се упасени утрово во антикорупциската операција на Полицискиот инспекторат на Косово (ИПК), објави порталот „Национале“. Според приштинскиот медиум, вкупно во денешната операција на ИПК се уапсени 48 полицајци, меѓу кои и лица на повисоки позиции, […]

Операција на косовската полиција за справување со корупцијата


Косовскиот полициски инспекторат (ИПК) објави дека почнал утрово обемна операција, чија цел е справување со кривичните дела „земање поткуп“ и „злоупотреба на службената должност“ од страна на одредени полициски службеници, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициски инспекторат, на операцијата ѝ претходела речиси едногодишна истрага против осомничените полициајци и во неа биле вклучени Специјалното […]

Беспилотното летало носело бомба од 120 килограми, која експлодирала под земја


Хрватска – Бомбата во беспилотното летало, што на 10 март се урна во Загреб, беше со тежина од 120 килограми и експлодирала под земја, објави вечерва Хрватската радио-телевизија (ХРТ). ХРТ цитирајќи висок извор од хрватското Министерството за одбрана наведе дека леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја, додека би имало катастрофални последици ако паднел […]

Истанбул под снег – сообраќаен колапс во градот на Босфор


Снежни врнежи во саботата го погодија Истанбул, најнаселениот град во Турција, што го отежна сообраќајот во некои делови од градот, јавува Анадолија. Снежните врнежи кои со прекини траат од 9 март дополнително се интензивираа во саботата навечер. İtele be İstanbul.#imamoğluistifa pic.twitter.com/PPF9OJaW4K — medya adamı (@medyaadami) March 13, 2022 Сообраќајот е отежнат во многу области, вклучувајќи […]

Во трамвај во Сараево најдена бомба на седиште


  Во трамвај во сараевската населба Ченгиќ Вила најдена е експлозивна направа, потврдиле од полицијата во Кантонот Сараево за Кликс. Диспечерот на јавниот превоз во Сараево, во 13 часот се јавил во полиција да каже дека во празен трамвај, забележана е рачна бомба. Засега не е познато кој ја оставил направата на седиштето, а полицијата […]