Во Словенија 907 новозаразени, трендот на пораст трае од минатата недела


 

Во СЛовенија, во последните 24 часа потврдени се 907 новозаразени со Ковид-19, а починаа шест пациенти, објави денеска владата.

Со тоа, трендот на влошување на епидемиолошката состојба од поечтокот на минатата недела, продолжува.

Според Институтот за јавно здравје, во земјата има 25.910 активни случаи на зараза, а во благ пораст се и другите епидемиолошки податоци.

Седмодневниот просек на потврдени случаи на дневна основа се зголеми за еден отсто, на 2.026 зарази, а 14=дневната инциденција за 0.8 отсто – на 1.228 заразени на 100.000 жители.

Меѓутоа, бројот на пациенти во болница не се зголемува, па во нив сега се лекуваат 326 лица заразени со корона вирус, меѓу кои 71 на интензивна нега.

Во 24 часа починаа шест пациенти, па бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 6.410.