Пленковиќ демографски ќе ја обновува Хрватска: Ќе им плаќа на иселениците да се вратат


Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска ја појаснуваше мерката за враќање на иселениците, на кои планира да има даде финансиска поддршка доколку се вратат во земјата од европските земји каде се иселиле. Се работи за поттикнување на самовработувањето во износ од 150 или 110 илјади куни (околу 20.000 евра), зависно зод индустријата и дополнителни 50.000 […]

Бугарија е против војски на НАТО на нејзина територија


  Бугарскиот министерот за одбрана Стефан Јанев се изјасни против распоредувањето на војници на НАТО во државата. Барем не во оваа фаза. Според него, „нема неопходни околности што можат да ја оправдаат одлуката поврзана со распоредување дополнителни трупи на наша територија“. Таквата одлука не би одговарала на сојузничките интереси или националниот интерес на Република Бугарија“, […]

Во Хрватска бројот на починати од Ковид-19 надмина 12.000


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.803 нови случаи на зараза со корона вирус, а активни се 19.477, објави Кризниот штаб. Меѓу нив 2.148 пацинети се на болничко лекување, а на респиратор 263 пациенти. Починаа уште 47 пациенти или вкупно 12.090. На почетокот на декември бројот починати од ковид-19 во хрватска надмина 11.000, […]

Украден џипот на поранешниот бугарски претседател Плевнелиев, го возела неговата сопруга


Крадци му го украле џипот на Росен Плевнелиев. Автомобилот го управувала неговата сопруга Десислава Банова. Кражбата се случила во саботата, сред бел ден, на паркингот на трговскиот центар во Софија, кој се наоѓа на Обиколницата. Банова се посомневала дека нешто се случува кога маж со ранец почнал агресивно да удира во неа на влезот од […]

Мицотакис најави бесплатни селф тестови за време на празниците


Грција– Препораката за воведување задолжителен рапид тест за влез во затворените простори за забава во Грција, кои работат само со вакцинирани, ја отфрлил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис  и најави по два бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба за време на празниците, за сите граѓани, без разлика дали се вакцинирани или не, јави дописничката […]

Во Бугарија пак многу починати – 157 во последниов ден


  Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 2.001 случаи на корона вирус. Тие беа идентификувани со 36.702 тестови. Тоа значи дека речиси 5,50 отсто од тестовите биле позитивни. Над 80 отсто од новозаболените лица не се вакцинирани. Во последните 24 часа починале 157 лица. Повеќе од 94 отсто од нив не се […]

(Видео) Запалени српски знамиња во Тирана, хаос на протестот против „Отворен Балкан“


Протести и инциденти во Тирана против иницијативата „Отворен Балкан“ пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, дел од оние кои протестирале во центарот на Тирана против Александар Вучиќ, ги запалиле српските знамиња. Ги симнаа знамињата кои беа закачени на бандерите, ги запалија и ги нагазија, кажале очевидци, пишуваат агенциите. Live / Albanians burn the Serbian flag […]

„Њујорк тајмс“ – Ердоган е изолиран и не слуша совети


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има намера да ги следи неортодоксните економски политики кои малкумина ги поддржуваат, но очекува да вродат со плод пред изборите закажани за 2023 година, објави „Њујорк тајмс“. Ердоган ги игнорира предупредувањата од деловните групи, инвеститорите и економистите и покрај падот на неговиот рејтинг кај обичните Турци и рекордниот пад […]

Во Грција има вкупно 26 случаи на Омикрон и се очекува зголемување на бројот


Во овој момент имаме потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но да не се задржиме на оваа бројка, бидејќи се очекува да видиме повеќе случаи, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути, јави дописничката на МИА од Атина. Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со […]

Кога и зошто Хрватите во десетици илјади емигрираа во Чиле


  Како и многумина во неговиот роден град Пунта Аренас, Габриел Бориќ има хрватско потекло. Претците на неговиот татко беа меѓу десетиците илјади Хрвати кои ја напуштија својата татковина на крајот на 19 век за да отпатуваат во чилеанска Патагонија во потрага по нови можности. Многу други бараа нов почеток во соседна Аргентина во истиот […]

Хрватскиот остров Угљан ја слави победата на Бориќ во Чиле


  „ Сите сме многу среќни! Сега е време да го испрати оној претседателски авион по мене што и вети кога дојде на Угљан“ – се смее Зденка Бориќ, братучетка на Габриел Бориќ, кој во неделата стана нов претседател на Чиле. Новинарите на порталот Задарски.хр ја пронашле Зденка ја пронашле дома во Угљан (остров спроти […]

Шмит: Додик ја премина линијата на реторичко потпалување на огнот


Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит изјави дека членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик „ја преминал границата на реторичко потпалување оган, поништувајќи ги одлуките на високиот претставник и не признавајќи го Уставниот суд на БиХ“. Шмит, во интервју за германскиот весник Зидојче цајтунг, Кристијан Шмит истакна дека негова обврска е да обезбеди […]

Данска ќе плати 210 милиони евра за сместување на затвореници во 300 ќелии во косовските затвори


Министерот за правда на Данска Ник Хакеруп утре во Приштина ќе потпише договор со косовскиот министер за правда Албуљен Хаџи за закуп на 300 затворски ќелии во Косово за 210 милиони евра. Како што потврдија од Владата на Косово, сите детали од договорот меѓу двете министерства за правда ќе бидат објавени утре, но она што […]

Во Албанија се укинуваат шалтерите, сè ќе биде онлајн


Во Албанија во 2022 година повеќе нема да функционира отворениот шалтерски систем и сите услуги ќе се вршат преку онлајн платформи, најави премиерот Еди Рама. -Во 2022 година ќе ги затвориме сите шалтери, нив повеќе нема да ги има. Како што дојде пандемијата кај нас а не не праша никој за тоа, по што практично […]

Претставник на полициската служба на БиХ: Не сме добиле ниту една закана по безбедноста на Милановиќ


Полициските и безбедносните служби во БиХ немаат добиено никакви информации за евентуална закана за хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што беше претходно соопштено од неговиот кабинет, поради безбедносни причини ја откажа посетата на централна Босна и Херцеговина. Директорот на Управата за координација на полицијата, Мирсад Вилиќ, изјави за државната радио и телевизија на Босна […]

Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19


Словенија – Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што вакцината ќе биде достапна и во скијачките центри, а сите граѓани добија писмо од премиерот Јанез Јанша во кое ги повикува да се вакцинираат. „Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно […]

Откажана посетата на хрватскиот претседател на БиХ од безбедносни причини


За денеска најавената посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и присуството на настанот по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат кон Нова Била и Босна Сребрена“ се откажува од безбедносни причини, соопшти Кабинетот на претседателот на Хрватска. „Одлуката за откажување на посетата се заснова на безбедносната проценка на надлежните институции […]

Српската власт го навредува големиот режисер Горан Марковиќ


  Серијата навреди кон режисерот Горан Марковиќ продолжува и по интервјуто кое го даде за „Нови магазин“. Нападите ги осудија многумина, јавни личности, уметници и претставници на опозицијата. Тој е режисер, писател, добитник на над 30 филмски награди и творец на некои од најважните српски филмови. Но, едно интервју, во кое Горан Марковиќ, меѓу другото, […]

Хашкиот суд достави досиеја до Обвинителство на Црна Гора за повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела


Досиејата кои се однесуваат на повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела се предадени на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора. Ова за ТВЦГ го потврди портпаролката на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг, Хелена Еглестон. За сексуално насилство се товарат голем број осомничени, чии имиња фигурираат во досиејата на хашката институција. […]

Сијарто: ЕУ продолжува да се противи на проширувањето со Западен Балкан


Земјите од западниот и северниот дел на Европската унија продолжуваат да се противат на проширувањето на Унијата со Западен Балкан, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нарекувајќи ги неодамнешните разговори во Европскиот совет „отрезнувачки“, пренесува МТИ. ЕУ повторно не обезбеди датуми за пристапување на кандидатите од Западен Балкан, а пристапните преговори допрва […]