Словенечкиот конзул загина во Бања Лука


 

Синоќа во бања Лука, Босна и Херцеговина, загинал словенечкиот конзул Маријан Ристиќ, потврдија од Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Како што соопшти обвинителството, државјанин на Словенија бил удрен со автомобил „голф“ со кој управувал 23-годишник. При тоа, на булеварот „Петар Бојовиќ“ околу 18.40 загина пешакот Маријан Ристиќ.

Увид направил дежурен обвинител, заедно со полицијата. Се изтражуваат сите околности кои довеле до несреќата.