Заострени мерки за влез во Црна Гора


  Врз основа на влошената епидемиолошка состојба во Црна Гора, црногорските власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на корона вирусот. Според најновата одлука која ќе важи од 02.01. 2022 год. до 12.01.2022 год, секој кој влегува во Црна Гора, независно од тоа дали е црногорски или странски државјанин, мора да ги исполнува следните […]

Јанша: Некои лидери не сакаат проширување на ЕУ зашто вака имаат поевтина работна сила


  Словенија во текот на своето претседавање со Советот на ЕУ се избори во документите повторно да се воведе поимот „перспектива за членство“, наместо само „европска перспектива“ за државите на Балканот и европското источно соседство, тврди словенечкиот премиер Јанез Јанша, а пренесува хрватски „Индекс“. – Еден од стратегиските успеси е што проширувањето го вративме на […]

Во Хрватска речиси 6.000 нови случаи, починаа 27 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 5.958 новозаразени со корона вирус, а активни се 25.521. Од нив 1.858 пациенти се на болничко лекување, а 239 на репсиратор. Починаа 27 пациенти од последиците на Ковид-19. Бројот на лица во самоизолација 17.722. Вкупно оздравеа 671.664 лица, а 2.760 во последните 24 часа. Тестирани се вкупно […]

Минималецот во Црна Гора од јануари ќе биде 450 евра


  Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година ќе биде 450 евра. Овој Закон за кој гласаа 50 пратеници, е од програмата „Европа сега“. Собранието смета дека постои итност за стапување на законот на сила на денот на објавување […]

Почнува вакцинацијата со Турковак


Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти. Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата […]

Ужас во Сомбор: Маж ја убил сопругата и двете ќерки, па се обесил


  Во српскиот град Сомбор денеска избувна пожар во кој загинаа четири лица. Но како што ѝ потврдиле од истрагата на телевизијата Н1, пред пожарот се одвивала голема крвава драма во куќата. Сопственикот на куќата, Здравко Горановиќ, ги убил сопругата и двете ќерки, а како што неофицијално е потврдено, се обесил. Тој претходно запалил нешто […]

Омикрон сојот пристигна и во Босна и Хецеговина, десетмина заболени


Првите случаи со омикрон сојот на корона вирусот се детектирани и во Босна и Херцеговина. Од 100 тестирани примероци на омикрон сојот, кај нив десет потврдена е оваа варијанта, потврдија од Клиничкиот центар во Сараево за Klix.ba. Омикрон сојот веќе некое време прави сериозен проблем во Европа, во претходната седмица е забележан во повеќе држави […]

Хрватска Банија една година по земјотресот: Луѓето умираат во контејнери, како можеше во 1963 година Скопје да се изгради?


Една година по разорниот земјотрес што ја погоди областа Банија во Хрватска, погодените градови и села уште не се обновени. Повеќе илјади домови добија црвена налепница, а бројни луѓе и понатаму живеат во контејнери, без пристап до струја, вода и греење. „Тажна сум што не гледам никаков напредок. Една година помина, ништо не напрвивме. Како […]

Земјотрес од 5,7 степени го погоди Крит


Земјотрес со сила од 5,7 степени според Рихтер го погоди островот Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Грција. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Европскиот медитерански сеизмолошки центар претходно го регистрираше потресот со сила од 6,1 степени. Египетските власти соопштија дека земјотресот бил почувствуван во некои од градовите во земјата. Акис Целентис, директор на […]

Мрачни прогнози за кабинетот на Кирил Петков


  Бугарскиот политиколог Ентони Галабов во интервју за локален медиум даде прогноза за шансите за успех на новата бугарска влада идната година, со оценка дека почетокот не е охрабрувачки и дека очекува главната битка да се води за „превласт“ меѓу неговиот кабинет и претседателот Румен Радев. Запрашан како ги оценува првите чекори на Владата, Галабов […]

Во Грција регистриран рекорден број на новозаразени од ковид-19, дури 21.657 лица


Вчера Грција забележа нов рекорден број на инфицирани со корона вирусот за еден ден, соопштија тамошните власти, додавајќи дека тоа е доказ за големата заразност на новиот вид омикрон. За 24 часа во Грција се заразени 21.657 лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени 9.284 нови случаи од кои повеќето […]

Хрватска од јануари ги забранува пластичните кеси што најмногу се употребуваат


Хрватскиот министер за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ изјави дека пластичните кеси со дебелина од 15 до 50 микрони повеќе нема да се користат од 1 јануари 2022 година, а другите видови пластични кеси постепено ќе се повлекуваат од употреба во наредниот период. Во споменатата категорија на кеси кои се исфрлаат од употреба спаѓаат […]

Турската крајбрежната стража во неколку акции спасила 526 мигранти вратени од грчка страна


Екипите на крајбрежната стража на Турција во текот на 52 интервенции од 13 до 25 декември фатиле 991 мигрант и 10 шверцери на луѓе, и спасиле 526 мигранти кои грчките сили ги потиснале во турски води, јави Анадолија. Во соопштението на турската крајбрежна стража се вели дека тимовите посветено работат дење и ноќе за да спречат гранични […]

Евакуирана улица во Бар, маж се заканува со бомба


  Полицијата во бар, Црна Гора, евакуира дел од една улица, поради закана од маж дека ќе активира експлозивна направа, пишува „Вијести“. Од полицијата им било речено дека истото лице претходно облеило објект на една банка со натпис „Вратете ги парите кои ги украдовте од работниците на „Приморка““. Евакуирана е и зградата во која се […]

Борел: Реториката на поделби во 2021 година го попречи патот на Западен Балкан кон ЕУ


Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, изјави дека порастот на потезите и реториката на поделби низ Западен Балкан во 2021 година ги попречи напорите за приближување на регионот до европската иднина. Во новогодишниот блог, во кој се осврна на најважните настани од минатата година, во врска со надворешната политика на ЕУ, Борел изјави дека тоа особено важи за Босна и […]

Нови 50 жртви на Ковид-19 во Хрватска


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 560 нови случаи со корона вирус, а бројот ан активни изнесува 16.751. Меѓу нив, 1.872 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респирато се 247 пациенти. Починаа 50 лица. Бројот во самоизолација е 15.861. Вкупно оздравеле 664.687 лица, од кои 2.930 во последните 24 часа. […]

Во Албанија за девет месеци 711 милиони евра странски инвестиции


Според податоците на Централна банка на Албанија, од јануари до септември годинава, странските инвестиции изнесуваат 711 милиони евра. Во однос на минатата година, тие бележат раст од само 8 милиони евра, додека во однос на 2019 година, бележат пад од 90 милиони евра, јави дописничката на МИА од Тирана. Инвестициите најмногу се насочени во индустрија […]

Пет земјотреси во Грција во последните 48 часа


Нов земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, по што следел малку послаб од 4,2 степени. Институтот за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил во 20 часот и 59 минути, на околу 25 километри северозападно од првиот, на длабочина од 6,3 километри. Две минути подоцна следел нов последователен […]

Потврдени девет случаи со омикрон во Косово


Омикрон сојот на корона вирусот стигна и во Косово. Таму се потврдени девет случаи на заболени со новиот сој на корона вирусот, соопшти Институтот за јавно здравје од Приштина. Од Институтот наведуваат дека се тестирани 22 примероци од кои девет биле позитивни, пренесува Газета експерс. Во соопштението од Институтот се прецизира дека омикрон сојот е […]

Хрватска: Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер кај Глина


Денеска околу шест и пол часот е регистриран умерен земјотрес кај Глина со јачина од 3,1 степени според Рихтер. Сеизмолозите од Сеизмолошката служба утрово во 6 часот и 28 минути забележаа умерен земјотрес со епицентар кај Доња Трстеница, 11 километри северозападно од Глина. Земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, а интензитетот во […]