Вучиќ за гласањето во ОН: Ќе голтам и жаби за да ја заштитам земјата
Секој кој е воопшто фер може лесно да заклучи дека Србија се однесува во согласност со нормите на меѓународното јавно право, морално, чесно, принципиелно и одговорно, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за гласањето на Србија за исклучување на Русија од Советот за човекови права на Обединетите нации.
Не можете во политиката да носите одлуки што ви се допаѓаат и јас се ежам од неодговорните што зборуваат такви работи, им рече Вучиќ на новинарите на полигонот „Пасуљански ливади“ по ноќната вежба „Огнен штит 2022“.
Ако сакате да ласкаме, ќе ја уништиме државата за седум дена, а јас сакам да се бориме за фабрики, луѓе, инвестиции, за да се погледнеме во огледало како народ и верувајте дека имаме повеќе образ отколку некои што ни проповедаат, рече Вучиќ.
Вие прашувате како реагирам на фактот дека (Дмитриј) Песков беше одговорен. Кажете ми како се вика државата во Европа која е единствената земја која нема воведено санкции кон Русија, единствената земја во Европа чии авиони летаат за Москва и Санкт Петербург, како се вика малата земја и нација? Нашата држава нели, а вие мислите дека тие не знаат такви работи, посочи шефот на државата.
Тоа, продолжи Вучиќ, е дека овде има неодговорни момци кои за три дена ќе ја уништат државата, глумејќи патриоти, а им солат памет на сериозните луѓе. „Мојата работа како претседател е да ги заштитам луѓето и земјата и подготвен сум да голтам жаби за народот да има крената глава, гордост и достоинство“, рече тој.
Мислиш дека е убаво и јас уживам? „Ги замолувам луѓето да ја почитуваат својата одговорност и да ја разберат ситуацијата во која се наоѓаме, а тоа не е воопшто лесно и едноставно“, рече Вучиќ, додавајќи дека им е благодарен на европските лидери и на шефот на Делегацијата на ЕУ, Емануел Жиофре за ослободување на Србија од санкции за користење на нафотводот Јанаф од Хрватска.