Во Хрватска уште 1.103 новозаразени, починаа 44 пациенти


Денеска во Хрватска забележани се 1.103 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 25.512. Од нив 1.795 пациенти се на болничко лекување, а 239 пациенти се на респирарот. Починаа 44 луѓе. Во хрватска активни се 25.512, додека досега од последиците на корона вируст починаа вкупно 12.653 лица.

Трет ден не можат да го најдат момчето од Сплит кое славеше Нова година во Белград


  Трет ден откако во Белград исчезна 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна вечерта на Нова година околу 2.30 часот, откако последен пат бил виден во клубот „Готик“. Од моментот кога пријателите забележаа дека го нема Матеј, почна интензивна потрага по исчезнатото момче. Но, до денеска малку се знае за неговото исчезнување, а на […]

Бугарија ги пријави првите 12 случаи на омикрон


Бугарија– Бугарија денеска ги откри првите 12 случаи на варијанти на омикрон коронавирус, изјави бугарскиот главен здравствен инспектор Ангел Кунчев. „Потврдивме нова варијанта во примероци од 12 лица“, им рече тој на новинарите, пренесе Нова.бг. Кунчев рече дека се заразени најмногу од Софија и дека имале благи симптоми, а никој не е хоспитализиран.

Во Дубровник соборен температурниот рекорд за јануари, луѓето се капea


Хрватска– Првите денови од Новата година во Далмација се измерени екстремно високи температури за овој период од годината. Во Дубровник беше срушен јануарскиот температурен рекорд. Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска во 14 часот нивната станица во Горица измерила температура од 19,3 степени Целзиусови. Ова е највисоката температура измерена во Хрватска денеска во 14 […]

Куче 13 часа со своето тело греело повреден планинар


Хрватска – Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека утрово е завршена една од најтешките спасувачки операции кои ги организирала и дека е спасен повреден планинар кој се лизнал низ падина од 150 метри на највисокиот врв на Велебит (Вагански врв). Во акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра. Повредениот планинар се наоѓал на […]

Во Солун затворени локали кои ги кршеле мерките против Ковид


  Забавниот центар во Ефкапри во Солун, казнет е со парична казна од 5.000 евра и затворање поради тоа што на новогодишната ноќ, иако делувал затворен, имало музика и се служеле купувачи во подрумот, со што ги прекршил антиковид мерките. Снимка на која се гледа како млади се забавуваат танцувајќи без дистанца на интернет ја […]

Сараево утрово четврти најзагаден град во светот


БиХ – Според денешните податоците на интернет страницата IQ AirVisual, индексот на загаденоста на воздухот во Сараево е 198, што го рангира меѓу четирите најзагадени градови во светот. Прв на листата на најзагадени градови е Делхи во Индија со индекс на квалитет на воздухот 317, потоа Лахоре во Пакистан каде индексот на загаденост е 287, а […]

Балканот десеткуван од масовната емиграција – репортажа на Франс Прес 


Франција– Со своите напуштени продавници и речиси напуштени улици, малиот град Валандово е како многу градови во Северна Македонија кои младите ги напуштаат во голем број со надеж дека ќе најдат подобар живот во странство, започнува репортажата на Франс Прес, пренесена во голем број на француски медиуми, како Ле Поан, Франс24, Бурсорама итн, посветена на масовната […]

Огромно поскапување на струјата и гасот во Турција, луѓето останаа во шок


Турците на првиот ден од 2022 година беа шокирани од поскапувањето на струјата и гасот, па своето незадоволство го изразуваат на социјалните мрежи. Веста за поскапување на енергенсите, бензините, патарините и автомобилското осигурување беше објавена нешто пред полноќ. Струјата за домаќинствата поскапува за 50 отсто, а за индустријата за дури 125 отсто, објави Агенцијата за […]

Фотограф фати стотици огномети над Мостар


  Многу граѓани на Босна и Херцеговина и регионот Новата година ја дочекаа во Мостар, а градот на Неретва на самиот премин од новата во старата година изгледаше светски. Тоа го посведичи и фотографијата на мостарскиот фотограф Марко Слико Рагуж, кој на полноќ успеа во еден кадар да фати стотици огномети над најголемиот херцеговски град.

Денеска се урнати апсолутните температурни рекорди во Далмација


  На првиот ден од Новата година во Далмација, Хрватска измерени се исклучително високи температури за ова време од годината, пренесе Индекс. Како што објави Државниот хидрометеоролошки завод, според првите анализи првиот ден од новата фосина донесе апсолутни рекорди нагоре, во однос на температурата на воздухот во јануари од како постојат мерењта. Така во Книн […]

По новогодишната ноќ се враќа полицискиот час во Албанија


Албанските граѓани новогодишната ноќ ја минаа без полициски час, со собири на плоштадите, фамилијарни дружби и преполни угостителски објекти, наспроти минатата година кога земјата беше под целосен карантин поради пандемијата со ковид-19. Најмасовно беше на плоштадот „Скендер бег“ во Тирана, каде имаше музички спектакл на кој присуствуваа илјадници граѓани, меѓу нив и голем број иселеници, […]

Од денеска во Хрватска е забранета продажба на лесни пластични кеси


Од денеска во Хрватска е забранета продажбата на лесни пластични кеси за носење, соопшти Министерството за економија и одржлив развој. Се работи за пластични кеси за носење со дебелина до 50 микрометри, кои, како што прецизираат од министерството, најмногу се појавуваат на пазарот. Тие, се додава, обично не можат да се користат повеќекратно, поради што значително ја […]

Избодени три лица на концерт на Дара Бубамара – напаѓачот во бегство


  Три лица биле избодени во текотна новогодишниот концерт на српската фолк-пејчака Дара Бубамара во белградскиот хотел „Мајдан“. Како што јавува Нова.рс, до нападот дошло во тоалетот во хотелот. Набрзо по нападот концертот бил прекинат, а во хотелот стигнале голем број полицајци, како и итна помош. Едно лице е потешко повредено, но детали за сериозноста […]

Вучиќ на првиот ден во годината пиеше пиво, па се правдаше на Инстаграм


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ првиот ден од Новата година се опушти во едно кафуле во Белград на вода. Друштво му правеше премиерка та на Србија Ана Брнабиќ. Вучиќ ја сподели фотографијата на Инстаграм, а интересно е што се појасни дека пиво пие еднаш годишно. „Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, […]

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива


Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива за период од една година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата на својата веб-страница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетите на бугарското претседателство се поврзани со социо-економските последици од Ковид-19, подобрувањето на поврзаноста, младите и соработката меѓу локалните власти. За реализација на приоритетите во 2022 година ќе се одржат настани […]

Земјотрес на Нова година во Банија, Хрватска


  Денеска околу 18 часот, во Банија, Хрватска, повторно почувствуван земјотрес, една годин по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа 13 лица, а оштетени беа илјадници домови. „Веќерва, на 31 декември, во 18 часот и 4 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска, забележан е потрес од умерена јачина со епицентар 4 км северно од Глина. […]

Највисока дневна бројка заразени во Словенија од почетокот на декември


Стапката на зараза со коронавирусот нагло се зголеми во Словенија, поттикната од новиот сој омикрон и божиќните собири, јавува словенечката агенција СТА. Во изминатите 24 часа пријавени се вкупно 1.829 нови случаи, што е зголемување за 57 отсто во однос на претходната недела и највисока дневна бројка од почетокот на декември. Во исто време, шест […]

Во Хрватска уште 45 починаа поради Ковид, новозаразени се 40 отсто од тестираните


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 5.567 новозаразени од 13.882 тестирани, а бројот активни изнесува 27.557. Од нив 1.808 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор има 237 пациенти. Починаа 45 лица. До денеска во Хрватска заразени биле 715.245 лица, а 12.538 починаа, додека оздравеа 675.150. Вкупно вакцинирани се 55,66 отсто […]

Грција со рекорден број новозаразени


Грција денеска има поголем број на заразени со корона вирусот од вчера и завчера.  Трет ден по ред, јужниот сосед урива рекорди.  За 24 часа се регистрирани 35 580 нови случаи на ковид-19, што претставува нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Има 424.682 направени тестови, а најголемиот дел […]