За секој освоен мандат партиите во Србија ќе добијат 18.600 евра
Околу 555 милиони динари, односно 2,2 милиони динари (18.600 евра) за секој освоен мандат ќе бидат распределени од буџетот на партиите кои го поминаа цензусот на парламентарните избори на 3 април, објави „Вечерње новости“.
Според весникот, најмногу пари, околу 264 милиони динари (2,2 милиони евра), ќе бидат исплатени на листата околу Српската напредна партија (СНС), која освои 120 пратенички места во новиот српски парламент, додека листата Обединети за победа ќе добие околу 83 милиони динари врз основа на 38 седишта.
Листата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС), која ќе има 31 пратеник, ќе добие околу 68 милиони динари, коалицијата НАДА околу 33 милиони динари врз основа на 15 мандати, а коалицијата Морамо околу 28 милиони динари за 13 пратеници.
Заветници и Патриотскиот блок, кои ќе имаат по десет пратеници, ќе добијат 22 милиони динари од буџетот, а Унијата на војводинските Унгарци, која ќе има шест пратеници во новото собраниско свикување, ќе добие најмногу пари од малцинските партии, околу 13 милиони.