Во Турција извршена првата трансакција со дигитални лири


Турција – Турската централна банка синоќа ги изврши првите трансакции со дигитални турски лири, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на соопштение на Централната банка. Како дел од првата фаза од работата на проектот Дигитална турска лира, успешно беа завршени првите трансакции за плаќање. „Во првиот квартал од 2023 година, банката ќе продолжи со тие пилот-студии што […]

Мала дипломатска победа за Србија, смета министерот за одбрана Вучевиќ


Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, денеска оцени дека смирувањето на тензиите на северот на Косово претставува „мала дипломатска победа“ за Србија. По отстранувањето на барикадите од северот на Косово, Вучевиќ рече дека „добро е што по долго време Србија не мораше ништо да даде“, но, според неговите зборови, доби дополнителни документи кои „донекаде“ ја […]

Радев на 3 јануари им го врачува мандатот за состав на кабинет на „Продолжуваме со промената“


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев на 3 јануари ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, именуван од втората по големина пратеничка група во Парламентот – „Продолжуваме со промените“, соопшти синоќа Кабинетот. Таа бугарска политичка партија за премиер го предложи Николај Денков – министер за образование во последната редовна влада на […]

Анонимуси му се заканија на Вучиќ: „Ние не простуваме, не забораваме. Очекувајте не!“


Хакерската група Анонимус, позната по бројните акции ширум светот, денеска упати закани до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека доколку не ги прекине „акциите на Косово“, народот на Косово нема да биде без поддршка, пренесе РТВ.рс. Во видео порака објавена на Твитер, AnonimusTv со слика од украинско знаме, му порача на претседателот Вучиќ да ги […]

Миодраг Лекиќ мандатар за состав на новата влада на Црна Гора


 Претседателката на црногорското Собрание Данијела Ѓуровиќ денеска пред пратениците соопшти дека се исполнети условите Миодраг Лекиќ да биде мандатар за состав на новата влада на Црна Гора. Таа рече дека овие услови се остварени бидејќи црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не предложи мандатар на барање на парламентарното мнозинство. Лекиќ беше предложен за мандатар од старото ново мнозинство, кое го сочинуваат […]

Загреб без огномет за Нова година


Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните“ и за прославата на Нова година нема да организира огномет. Наместо тоа, граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма. Со оваа одлука, градот Загреб ја прифати иницијативата, која претходно ја поддржаа повеќе […]

Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, коментирајќи ги неодамнешните извештаи во грчките медиуми за плановите на Атина да ја прошири границата на територијалните води кај островот Крит до 12 милји. – Последниве денови, главно во […]

Србинот убиен во Камбоџа престојувал и во Македонија, откриени нови детали


Убиството на Србинот Страхиња Дачковиќ во Камбоџа сѐ уште не е расветлено, а медиумите во таа земја пренесуваат непроверени информации дека се сомневаат дека делото го извршил извесен Американец. Дачковиќ, кој по потекло е од Брус, наводно бил со извесен американски државјанин вечерта кога бил убиен, пренесува српска „Политика“.   Семејството на Дачковиќ во Брус, […]

На Дендиас му се слошило за време на литургија на Света Гора


Грција – За време на литургијата во манастир на Света Гора, на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас му се слошило, меѓутоа според извори од грчкото МНР тој е во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција, за грчките медиуми брифирале дека Дендиас имал […]

РТС: Отстранета барикада на Мердаре


Србија– Барикадата на Мердаре од правец на централна Србија е отстранета и сообраќајот е повторно воспоставен, јави денеска РТС. Како што се наведува, таа барикада била поставена на оддалеченост од околу еден километар од царинскиот пункт. Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа по средбата со претставниците на Србите од Косово   изјави дека е донесена одлука за отстранување […]

Турскиот суд ја потврди казната доживотен затвор за бизнисменот Кавала


Судот во Истанбул во жалбената постапка ја потврди казната доживотен затвор за турскиот бизнисмен и филантроп Осман Кавала, обвинет за обид за уривање на владата, јавува Дојче Веле. Судот ја потврди и 18-годишната затворска казна која беше изречена на крајот на април на уште седуммина обвинети. Кавала беше осуден за „обид за соборување на владата“ […]

Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање во Турција


 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање, што ќе им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат. Одлуката е донесена на помалку од шест месеци пред изборите во Турција. Старосната граница за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 за мажи. Сега е нејасно колку ќе ја […]

Пуштен од притвор полицаецот поради кој Србите подигнаа барикади во северно Косово


Косово– Поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред дваесетина дена како осомничен за подготвување вооружени напади врз општинските изборни комисии и полициските патроли во северно Косово, со одлука на надлежен косовски суд денеска е пуштен во домашен притвор, јави дописникот на МИА од Приштина. Апсењето на Пантиќ беше повод за поставување […]

Во Хрватска, последните денови, умираат по 15 луѓе од корона


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 356 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 2.584. Од нив 660 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 24 пациенти. Починаа 15 пациенти, соопшти Штабот за цивилна заштита. И вчера бројките на новозаразени не беа големи, односно 116 случаи, но сепак, […]

Хакирани неколку банки во Албанија


  Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на предновогодишната средба со новинарите, во врска со кибер-нападите во последните неколку дена врз некои банки од второ ниво во Албанија, рече дека вакви напади се случуваат насекаде низ светот, не само во Албанија, додавајќи дека нема оштетувања на банкарските сметки на албанските граѓани. -Има милиони […]

Земјотрес со јачина од 4,9 степени во Грција


Земјотрес со јачина од 4,9 степени, според првичните процени на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистриран во 14.30 по локално време во централниот дел на грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот со долго траење и силен интензитет освен на Евија, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион […]

Турција го номинира Ердоган за Нобеловата награда за мир


Турција- Претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп објави дека го номинирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Нобеловата награда за мир за неговите напори за решавање на кризата во Украина. „Го номинирав претседателот Ердоган за Нобеловата награда за мир поради неговите напори да воспостави мир меѓу Русија и Украина“, изјави Сентоп за весникот Стар, пренесува […]

Дојава за бомба на аеродромот во Приштина, се евакуираат патници и вработени


Косово – Аеродромот во Приштина е привремено затворен поради дојава за бомба, соопшти денеска косовската полиција, пренесува Танјуг. Според извештаите, полицијата изутрината добила дојава, поради што аеродромот бил затворен, а патниците и вработените биле евакуирани. Претходно денеска, портпаролката на аеродромот Валентина Гара изјави дека евакуираните патници и персоналот се добро и безбедни. „Потврдувам дека добивме дојава […]

Бугарското МНР ја повика руската амбасадорка во Софија да понуди објаснување за случајот Грозев


Амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова, ќе биде повикана на разговор во Министерството за надворешни работи поради потерницата на Москва за бугарскиот истражувачки новинар од веб-страницата „Белингкет“ Христо Грозев, соопшти прес-центарот на Министерството. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарското Министерство, ова е во врска со најавената федерална потерница по бугарскиот […]

Косовските власти го затворија главниот граничен премин „Мердаре“


Косово денеска го затвори својот најголем граничен премин, откако патниот правец беше блокиран од демонстранти од српска страна на границата, во знак на поддршка на сонародниците во Косово кои протестираат веќе неколку седмици. Во моментов отворени за сообраќај се три од шесте премини кон Србија. Демонстранти од вчера со камиони и трактори го блокираа магистралниот […]