Централна Турција ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри од Емиргази, на длабочина од 10 километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.