Најмалку четворица турски новинари под истрага поради известувања за земјотресот


Најмалку четворица турски новинари се под истрага поради пишување за последиците од разорните земјотреси во Турција, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во таа земја и Сирија.

Независниот новинар Мир Али Кочер е обвинет за „споделување информации без детални истражувања и анализи“, а организацијата Репортери без граници (РСФ) оваа истрага ја нарече „апсурдна“, пренесува британски „Индипендент“.

Новинарите Мердан Јанардаг и Енвер Ајсевер ја критикуваа реакцијата на властите во Анкара во првите денови по земјотресот. Според извештаите, двајцата се уапсени и се соочуваат со три години затвор.