Италија ќе гради прифатен центар за мигранти во Албанија


  Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека во албанскиот пристаништен град Шенѓин ќе биде изграден прифатен центар за имигранти, кој се очекува да биде отворен идната пролет. Ова, како што рече таа, по договорот за соработка за имигрантите меѓу двете земји, што денеска го потпишале со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на […]

Словенија поднесе барање за полноправно членство во Европската вселенска агенција


Денеска на вселенскиот самит во Севиља, Шпанија, Словенија официјално поднесе барање за полноправно членство во Европската вселенска агенција (ЕСА). Ова го означува почетокот на приближно едногодишен период во кој телата и работните тела на ЕСА ќе ја испитуваат подготвеноста на Словенија за полноправно членство. Според владата, членството ќе донесе многу придобивки за Словенија. Апликацијата за […]

Црна Гора доби согласност да го организира следниот самит на процесот Брдо-Бриони


Љубљана – На предлог на Словенија, Црна Гора доби согласност да го организира следниот самит од процесот Брдо-Бриони, беше соопштено по средбата на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на словенечката претседателка, Наташа Пирц Мусар. Од кабинетот на Милатовиќ соопштија дека е договорено и Црна Гора следната година да биде домаќин на голем економски […]

Падна случајот „Агрокор“: Клучните докази против Тодориќ отстранети од досието


Вишиот кривичен суд го отстрани сметководственото и финансиското вештачење од досието во случајот „Агрокор“. Високиот кривичен суд одлучи дека сметководственото и финансиското вештачење на КПМГ Полска, кое е клучен доказ против поранешниот сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ и другите осомничени, е отстрането од досието. Со тоа Високиот кривичен суд ја потврди одлуката на Жупанискиот суд […]

Невреме во Хрватска и Словенија, се излеаја реки, силен ветер предизвикува проблеми на Јадранот


Во Хрватска поради силен ветер и можно невреме на крајбрежјето е објавено портокалово метео предупредување, а Купа се излеа во Горски Котар. Поради ветерот и силните бранови кои донесоа камења на шеталиштето и кафеаните во Пиран, се огласија сирени за тревога. Во континенталниот дел на Словенија има поплави. Силен ветер од јужен правец создава големи […]

Казнетите албански опозициски пратеници во собраниската зграда влегуваа преку прозорец, откако се судрија со гардистите


 Хаосот што минатата недела го направија албанските пратеници, најпрво со тепачка меѓу власта и опозицијата, а потоа и со превртување на столчињата и зачадување со пиротехнички средства на собраниската сала, денеска повторно, но сега пред влезот на објетот, дојде до судир меѓу опозициските пратеници и припадниците на националната гарда. Имено, осум опозициски пратеници, меѓу кои […]

Почина познатиот бугарски антрополог, Ивајло Дичев


  Ивајло Дичев, бугарскиот културен антрополог, кој имаше исклучително знаење да ги раздробува промените што се случуваат во општеството во Бугарија и особено во нејзините односи со Македонија, почина денеска на 68 години. До неодамна беше професор на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Неговите колеги пишуваа за него дека тој е „еден од најпаметните предавачи […]

Бугарија: Партијата на Кирил Петков ја освои Софија


  На вториот круг на локалните избори одржан во неделата Бугарија во целосна неизвесност ја следеше трката за градоначалник на Софија, во која најпосле победи Васил Терзиев, кандидат на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија. Тој ја доби трката пред Вања Григорова, која беше предложена од БСП и поддржана од неколку комунистички партии, русофили и националисти. […]

Косовската влада демантира дека прифатила српска автономија во Косово


Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу изјави дека Косово ниту прифатило, ниту се согласило со каква било автономија на териториите со етничко српско мнозинство на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Реакцијата на Криезиу уследи откако поранешниот премиер, моментално опозициски пратеник, Авдула Хоти, ја пренесе изјавата на претседателката на Европската комисија, […]

Вечерва редок феномен во регионот – може да се види поларната светлина


Вечерва многу редок феномен во многу делови од регионот, Словенија, Србија и Бугарија – Може да се види поларната светлина.  Оваа појава е забележана на небото и на  Хрватска. Аурора бореалис можеше да се види  од различни делови на земјата, од Загорје до Далмација. „Сцената е нереална“, вели фотографот Рикард Јадан, кој ја снимил поларната […]

Руски антивоен активист протеран од Србија


Рускиот антивоен активист Илја Жернов ја напушти Србија откако граничната полиција на белградскиот аеродром му забрани влез во земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Жернов од Германија дошол во Белград за да присуствува на судењето на 6 ноември за нападот врз него што се случи на почетокот на годината во главниот град на Србија […]

Пестицид опасен за деца откриен во овошје од Хрватска


Забранет пестицид, особено опасен по здравјето на децата, е пронајден во овошје одгледувано во Хрватска, објави Европскиот систем за предупредување за трговија со храна (РАСФФ). Контролите на продажните места во Хрватска открија хлорпирифос во мандарини што се продаваат во Хрватска и Словенија, пишува Дневник.хр. На 23 октомври РАСФФ зел примероци од овошје во Хрватска и на […]

Борисов се премисли, го поддржа кандидатот на Петков за Софија


  Две различни изјави за само неколку дена даде лидерот на ГЕРБ пред неделниот втор круг на локалните избори во Бугарија. Бојко Борисов прво ја поддржа кандидатката на Бугарската социјалистичка партија за градоначалник на Софија, а вчера им се обрати на поддржувачите да гласаат за Васил Терзиев, кој е на листата на коалицијата Продолжуваме со […]

Ставањето на црната листа на САД му пресуди на Александар Вулин


  Александар Вулин објави дека поднесува оставка од функцијата директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, наведувајќи дека САД и ЕУ ја бараат неговата глава како предуслов да не воведат санкции кон државата. На 11 јули беше објавено дека Вулин е на списокот на оние кои се под американски санкции, а САД го обвинија за […]

САД и ЕУ ја барале „главата“ на Вулин, денес си поднесе оставка


Директорот на српската Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи дека „САД и ЕУ ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија“. „Јас не сум причина за уцени и притисок врз Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да бидам причина за уцени […]

(Видео) Хрватски министер се обиде да ја бакне шефицата на германската дипломатија, таа се тргна


Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман присуствуваше на конференција за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин. Таму тој разговараше со германските министри за нивните реформски идеи за зајакнување на структурите на Европската унија со цел да се подготват за натамошни проширувања. 03.11.2023. dr. sc. Gordan Grlić Radman, ministar vanjskih i europskih poslova(02.11.2023.) […]

Земјотрес од 5,2 степени на грчкиот остров Евија, почувствуван и во Атина


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер бил регистриран на грчкиот остров Евија кусо пред 8.30 часот утрово по локално време, согласно податоците од Геодинамичкиот центар на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.  Епицентарот на земјотресот бил во централниот дел на Евија, а беше почувствуван и во Атина. Засега нема информации за […]

Во Австрија се сруши авион кој полетал од Загреб, има загинати


Полицијата соопшти дека четири лица загинале кога мал спортски авион се урна во Лунгау, централна Австрија. Авионот летал од Загреб за Салцбург. Авионот Цирус СР-20 полетал во четвртокот од главниот град на Хрватска нешто пред 14 часот, додека дестинацијата бил аеродромот во Салцбург. Околу 15:45 часот авионот се урнал во шума на непрооден планински гребен. […]

Руски новинар како шпион во Бугарија, цел месец се криел во Руската амбасада во Софија


Софија– Бугарската агенција за национална безбедност (ДАНС) го протера дописникот на весникот „Росискаја газета“, Александар Гацак поради активност што претставува закана за националната безбедност на Бугарија, пишува Медиапул.бг. Бугарското контраразузнавање прецизира дека наредбата за забрана за влез на Гацак во земјата е изречена врз основа на Законот за странци, „бидејќи со своите постапки тој ги […]

Дачиќ: Приштина попрво ќе отвори амбасада на Месечината отколку во Белград!


 „По повод бруталната лага објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Косово, кое под насловот „амбасади“ (https://ambasadat.net/en) ја споменува и Република Србија, морам да истакнам дека Приштина нема, не може да има, ниту ќе има некогаш свое дипломатско претставништво во Белград, без разлика како тие се обидуваат ова да го претстават пред својата […]