Затворениот градоначалник на Химара стана европратеник од Нова демократија


Уапсениот градоначалник на јужната албанска општина Химара, Фреди Белери, кој беше предложен за европратеник од владејачката партија Нова демократија во Грција, доби место во Европскиот парламент, јавува Euronews Албанија. Според податоците на албанските медиуми Белери е на третото место по гласови во партијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според Еуроњуз Албанија, тој треба да биде […]

Блер и Рама во Косово по повод 25-годишнината од крајот на бомбардирањата на НАТО против Србија


Поранешниот британски премиер, Тони Блер и албанскиот премиер, Еди Рама ќе престојуваат денеска во Косово, по повод одбележувањето на 25-та годишнина од крајот на косовско-српскиот конфликт, односно престанокот на бомбардирањето на НАТО против Србија и тогашна СР Југославија, јави дописникот на МИА од Приштина. Блер и Рама претпладнево одделно ќе бидат примени од претседателката на […]

ХДЗ освои најмногу европратенички места во Хрватска


Владејачката ХДЗ, предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, освои 33,7 отсто од сите гласови, со што според последните проекции освои шест места во Европскиот парламент. Европратеничката Дубравка Шуица го изрази своето задоволство од резултатот: „Ова го потврдува она што го очекувавме“, рече таа. „Тоа е голема победа, 50 проценти од мандатот“, рече таа, додавајќи дека ХДЗ […]

Нова демократија со убедлива предност на европските избори во Грција


Нова демократија со 27,58 отсто е прва на европските избори во Грција, според официјалните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, со преброени 40 проценти од гласовите, СИРИЗА добива 14,70 отсто, а ПАСОК 13,43 проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три […]

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија


Резултатите од излезната анкета на Галуп Интернешнeл покажуваат дека партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освоила 26,7% од резултатите на денешните избори во Бугарија, коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов има 15,5 отсто од гласовите додека Движењето за права и слободи (ДПС), предводено од Делјан Пеевски има 15,1%. […]

Портпаролката на ЕУ во Косово: Русија се обидува да го наруши интегративниот пат на Западен Балкан


Портпаролката на Мисијата на Европската Унија во Косово, Јоана Лачана, вели дека Западен Балкан се соочува со дезинформации од Русија, преку кои Москва се обидува да ја попречи интеграцијата на регионот во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното интервју за платформата „Геопост“ (thegeopost.com/sq), Лачана вели дека Кремљ се обидува да шири […]

Радев се закани дека ќе формира партија


Бугарскиот претседател Румен Радев ги предупреди политичарите дека можат да го натераат да понуди алтернативна партија.  -Пред секое последователно гласање, партиските пророци се плашат со „партијата на претседателот“ само за да можат подобро да го соберат сопственото собрание. Крајно време е партиите да се обидат да формираат влада заснована на вредности и споделени агенди, со […]

Пронајден мртов исчезнатиот новинар на Би-би-си на Сими


Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, кој во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, претпладнево беше пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, телото на 68-годишниот Мосли било пронајдено во карпест дел во близина на […]

Избори во Бугарија: Ахмед Доган гласал придружуван од најмалку шест телохранители


Почесниот претседател на бугарската партија на Турците, ДПС, Ахмед Доган ја следеше традицијата на предвремено гласање и околу 7:45 часот гласаше во  училиште во Бојана. Тој избра да гласа со хартиени ливчиња. Доган дошол на гласачкото место со два автомобили и на самото гласање бил придружуван од телохранителите, кои биле повеќе од шест. Еден од […]

Грција денес избира европратеници


Меѓу 1.168 кандидати од 31 партија, нешто помалку од десет милиони Грци денеска ги избираат нивните претставници во Европскиот парламент, а земјата добива 21 пратеничко место од вкупно 720 во ЕП, јави дописничката на МИА од Атина. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот, право на глас имаат 9.796.330 граѓани, првпат ќе гласаат […]

Кои се пораките од „Сесрпскиот собор“ и што рекоа Вучиќ и Додик


  Во Белград со денови се веат стотици знамиња на Србија и на Република Српска, еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина, како најава за собир на претставници на српскиот народ од целиот балкански регион. „Ние сме решени за мир и тоа не е насочено против никого, ниту некој треба да биде загрижен, само […]

Германски поглед: „Има нешто гнило во државата Бугарија“


  Во Бугарија има нешто гнило, а многумина сметаат дека тоа се должи на уставот: во земјата не постои можност за конструктивно гласање за недоверба на владата. На секој што сака да ја урне власта во оваа земја му треба само мнозинство во парламентот, истакнува Мартин Коте, шеф на регионалното биро за Источна и Југоисточна […]

Пуштен за сообраќај дел од патниот правец Елбасан-граничен премин Ќафасан кај Струга


 Патниот правец Елбасан – граничен премин Ќафасан, кај Струга, кој е  дел од Коридорот VIII, веќе е отворен за сообраќај на возила,  по две ленти, објави албанскиот премиер Еди Рама денеска на социјалните мрежи споделувајќи видеозапис. – Дел од патниот правец  Елбасан-Кафасан,  дел од Коридорот VIII, веќе е пуштен во употреба за сообраќај, на кој […]

ЕК: Црна Гора направи важен чекор кон ЕУ


Во својата оценка, Европската комисија наведе дека, генерално, Црна Гора ги исполни привремените стандарди, постигна добар резултат на ниво на усогласеност и бележи напредок во примената на правото на Европската унија и европските стандарди во поглавја 23 и 24. Toа се наведува во документот што го изготви Советот на ЕУ по состанокот на дипломатите од […]

Додик од Русија најави референдум за независност на Република Српска


Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, за време на посетата на Русија најави дека Република Српска ќе организира референдум за независност, односно за отцепување од Босна и Херцеговина, а кога точно тоа ќе се случи ќе се одлучи подоцна. Додик, кој беше во Санкт Петербург и таму се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, ги […]

На „Сесрпскиот собор“ утре Србија и Република Српска усвојуваат заедничка декларација


„Еден народ, еден сабор. Србија и Српска“ е официјалното име на големиот српскиот собор што ќе се одржи денес и утре во Белград. Соборот започнува со молитва во храмот Свети Сава, продолжува со средби на претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Р.Српска Милорад Додик, со заедничка седница на двете влади, средби на министри, […]

Бугарија ѝ се заканува со вето на Србија


Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека Бугарија може да ја преиспита поддршката за Србија кон Европската унија поради, како што рече, како Белград се однесува кон бугарското малцинство во земјата.Имајќи предвид дека Софија има историја на блокирање на влез на нови членови, прашање е колку е моќен овој кренат прст, пишува Блиц. Аналитичарите се поделени […]

Новинар и презентер на Би-би-си исчезна на грчкиот остров Сими


Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, исчезна на малиот грчки остров Сими, а во тек е потрага за негово пронаоѓање, јави дописничката на МИА од Атина. Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, а според […]

Во Бугарија повторно има предвремени избори


Бугарските гласачи во недела ќе одат на нивните шести предвремени парламентарни избори во последните три години, но аналитичарите велат дека шансите за стабилна коалиција што може да стави крај на долгиот период на политичка нестабилност се мали. Бугарија, најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бори со честите промени на […]

Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2025 – 2026 година


 Со поддршка од 182 држави, од вкупно 188 земји кои гласаа, Грција попладнево беше избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2025 – 2026 година, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис коментираше дека „Денеска е историски ден за Грција“, јави дописничката на МИА од Атина. Откако беше изгласана […]