(Видео) Отворени два прифатни центри во Албанија во кои Италија ќе испраќа мигранти


Во Албанија вчера беа отворени два прифатни центри за мигранти кои пристигнуваат во Италија, согласно договорот меѓу двете земји за регулирање на илегалната миграција во Европската унија. Во ноември 2023 година, албанскиот премиер Еди Рама и италијанскиот премиер Џорџа Мелони преговараа за договор за испраќање илјадници бегалци и баратели на азил спасени од италијански бродови […]

Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24


Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21. Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите. Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за […]

Хрватска загуби дел од најпознатата плажа: За сè е „виновен“ циклонот Борис


  Познатата хрватска плажа Златни рат во близина на луксузното одморалиште Бол на островот Брач ​​често го менуваше својот облик за време на есенските бури на Јадранот. Овој пат, сепак, како што пишува Morski.hr, се случило нешто поинаку. Циклонот Борис во последните денови предизвикуваше проблеми со обилните врнежи во многу области, но на Бол на […]

Даночни службеници на грчкиот остров Крф изнудувале пари од граѓани и бизнисмени


Пет лица, четворица даночни службеници и еден сметководител се уапсени на грчкиот остров Крф за изнудување пари од граѓани и бизнисмени, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, во тек е акција на полицијата и Независната управа за јавни приходи за разбивање на корупцискиот скандал на Крф по неколкумесечна истрага. Уапсените се осомничени […]

Ураганот Кирк денеска ќе зафати и дел од Балканот: Хаос во Шпанија и Португалија


Дел од Балканот, поточно Бугарија, денеска ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос во Европа. Ураганот Кирк вчера погоди делови од Португалија, Шпанија и Франција, при што загина едно лице. Во Португалија вчера беа забележани удари на ветер од 225 километри на час, а во некои делови беше толку силен што дури […]

Ердоган ќе го заострува законот по серијата ужасни убиства на жени


  Серијата ужасни убиства на жени предизвика национален гнев во Турција, принудувајќи го претседателот Реџеп Таип Ердоган да се заложи за заострување на кривичниот закон на земјата. Насилството врз жените е широко распространето кривично дело во Турција – со речиси 300 убиени жени досега оваа година – но демонстрантите долго време чувствуваат дека владејачката исламистичка […]

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за граѓаните кои не се од членки на ЕУ


ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез за патниците кои не се членки на ЕУ, што требаше да започне на 10 ноември, откако Германија, Франција и Холандија изјавија дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска им изјави на новинарите дека […]

Турција ќе ѝ подари на Албанија „значителен” број дронови камикази


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе и  подари „значителен“ број беспилотни летала камикази на Албанија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, без да прецизира за каков тип на дронови станува збор. -На заедничката прес-конференција со Ердоган, кој е во еднодневна посета на Тирана, Рама рече дека тоа е подарок што доаѓа како силна порака од […]

И САД се вклучуваат во трката за литиумот на Србија


Заменик-секретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе В. Фернандез, ќе дојде во Србија од 9-11 октомври за да ја унапреди соработката преку Партнерскиот форум за безбедност на минерали за развој на разновидни и одржливи синџири за снабдување со критични минерали.Тој, исто така, ќе ги промовира трговските и економските можности со САД. […]

Продолжува потрагата по уште четири исчезнати лица во поплавеното подрачје на Федерацијата БиХ


Денеска продолжува потрагата по исчезнатите во неодамнешните поплави и свлечишта во областите на Федерацијата Босна и Херцеговина, каде четири лица се водат како исчезнати. Бројот на загинати достигна 22 жртви. Поради опасност од нови врнежи и лизгање на земјиштето, повеќе од 400 жители во текот на ноќта се евакуирани од Јабланица и Коњиќ, а по […]

Касаноф денеска во Приштина, откако ги посети Сараево и Белград


Приштина – Заменик-помошникот државен секретар и нов американски емисар за Западен Балкан, Александар Касаноф се очекува денеска да допатува во Косово, откако во изминатите два дена престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението за медиуми на Амбасадата на САД во Косово, Касаноф во Приштина ќе се сретне […]

Зеленски се сретна со Пленковиќ во Дубровник


Дубровник – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за да потпише 10-годишен билатерален договор за соработка и поддршка од Хрватска за Украина. Средбата се одржа пред почетокот на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, каде што Зеленски е предвидено да разговара за меѓународните мировни напори, објавија локалните и светските медиуми. „Заедно […]

Пилот на „Туркиш ерлајнс“ почина при лет над САД


Њујорк – Пилот на  „Туркиш ерлајнс“ почина за време на меѓународен лет над САД. Екипажот притоа ја прекинал линијата и авионот слетал во Њујорк, соопшти денеска турската авиокомпанија. Авион „Ербас 350“ полетал синоќа од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, Турција. Капетанот се онесвестил за време на летот. Обидот за прва помош бил неуспешен, […]

Сите можни функции на Борис Тадиќ и вртењето кон Кина


  Од универзитет, до вселенска компанија, до кампања за климатски промени, Борис Тадиќ имаше неколку различни деловни ангажмани во последните месеци. Иако ваквите назначувања служат да се покаже дека овие институции се кредибилни партнери, со оглед на недостигот на експертиза, може да се заклучи дека мотивот за назначувањето е титулата на поранешниот претседател на Србија. […]

Пајат: Грција постигна напредок во развојот на почиста, побезбедна и поотпорна енергија


Значителен е напредокот што Грција го постигна во однос на изградбата на енергетскиот систем што е почист, побезбеден, поотпорен и ги унапредува нашите заеднички интереси како сојузници и партнери, истакна помошникот секретар за енергетски ресурси на САД Џефри Пајат за време на неговото учество во Атина на работилница за диверзификација на снабдувањето со природен гас […]

Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски


Дубровник – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ. Тоа е трет самит во овој формат – првиот се одржа во август 2022 година во Атина, вториот во февруари 2024 година во […]

Во првата половина од годинава странските инвестиции во Албанија достигнале 749 милиони евра


Странските директни инвестиции во Албанија, еден од главните извори за финансирање на економијата и отворање работни места, продолжуваат да растат во првите шест месеци од оваа година. Министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџа соопшти дека податоците покажуваат стабилен и значителен раст. – Протокот на странски инвестиции континуирано расте во последните години. За првата […]

Галуп: Изборната кампања во Бугарија заглавена во политички скандали


Во првите десет дена од официјалното започнување на кампањата пред изборите на 27 октомври, Галуп резимира дека е заглавена во тековни политички скандали. Во политичката оценка и анализа за состојбата на изборната кампања објавена денеска од Галуп интернешнал Балкан, тие велат: „Изборната кампања за 51. Народно собрание се одвива во услови на продлабочена внатрешно-политичка криза, […]

Момчето-убиец се согласи да сведочи на судењето на неговите родители – кажа зошто пукал


Момчето-убиец од Србија беше спроведено во судот под придружба и се согласи да сведочи на судењето на неговите родители Како што ексклузивно дознава српска Република, Коста Кечмановиќ на прашањата одговарал со пауза од една до две минути. Денеска за прв пат одговорил на прашањето кое година и пол ги мачи сите родители на убиени деца, […]

Квадратен метар во „Белград на вода“ достигна 9.125 евра


Цената на станбен квадрат во „Белград на вода“ во вториот квартал годинава достигна 9.125 евра, што го прави најскап во Србија. Во Србија, во вториот квартал годинава, највисоки цени на становите се забележани во Белград, каде што најскапиот стан е продаден по цена од 9.125 евра за метар квадратен, на локацијата „Белград на вода“. Највисоката […]