Во Албанија наскоро ќе биде отворен кампот за мигранти од Италија


Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп за мигрантите кои Италија ќе ги префрли во таа земја, пред се оние луѓе кои имаат мали или никакви шанси за азил. Во тек е изградба на камп во близина на стариот воен аеродром Ѓадер, пишува Дојче веле. Со неодамнешниот договор, Албанија ѝ ја предаде таа воена област […]

Одржан протестот на косовските Срби во Северна Митровица, побарано да не се отвора мостот на Ибар


Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот […]

Беспилотните летала „Бајрактар“ Албанија ќе ги стави во функција на борбата против пожарите


Министерот за одбрана Пиро Венгу при посетата на воздухопловната база Кучово најави дека  беспилотните летала „Бајрактар“ се подготвени да бидат вклучени  за итни случаи, односно во актуелната состојба со пожарите, кои беснеат низ целата земја. -По успешното тестирање за ноќни мисии, беспилотните летала „Бајрактар“ ќе бидат ставени во функцијата на следење 24 часа на ден, […]

Три земјотреси од над четири степени во близина на грчкиот остров Крит


Три последователни земјотреси со јачина од 4,1 степен, 4,8 и 4,5 степени според Рихтер, беа регистрирани претпладнево во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првите два, од 4,1 и 4,8 степени беа во период од една минута, додека пак последниот […]

Бран протести во Србија против ископ на литиум, в сабота најавен масовен протест во Белград


Властите во Србија се соочуваат со се пожесток отпор за ископувањето литиум, откако Белград на 19 јули потпиша меморандум за стратешко партнерство за одржливи суровини со Европската унија, и тоа предизвика нов бран речиси секојдневни протести низ целата држава.  Синоќа се одржаа протести во Сремска Митровица, Јагодина, Инѓија… каде демонстрантите побараа меѓународната корпорација Рио Тинто, […]

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да ја поддржиме косовската полиција во случај на немири


Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека внимателно ја следи безбедносната состојба на северот и дека, доколку е потребно, ќе ја поддржи косовската полиција во одржувањето на јавниот ред и мир и во случаи на немири. „ЕУЛЕКС останува внимателен и во согласност со безбедносниот механизам на три нивоа за реагирање […]

Вучиќ: Курти сака да предизвика конфликт пред изборите во САД, бидејќи му истекува време


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги актуелните настани на Косово изјави дека „Албин Курти провоцира затоа што времето му истекува“ и дека сака да предизвика конфликти пред американските избори, јави дописникот на МИА од Белград. -Тој сака да не се дочека каква било сериозна промена во Белата куќа, и пред тоа да се обиде […]

Поранешниот министер за одбрана на Грција Стефанис нов управител на Света Гора


Поранешниот министер за одбрана на Грција и почесен началник на Генералштабот на армијата Алкивиадис Стефанис е новиот управител на Света Гора, откако претходниот, почесниот амбасадор Анастасиос Мицијалис си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина. Промените беа соопштени од Министерство за надворешни работи на Грција, со оглед на тоа што управителот кој ја претставува […]

Кипар ја зголеми казната затвор за предизвикување пожар од три месеци на 8 години


Построги казни за предизвикување пожар што се меѓу осум и 12 години затвор и парична казна меѓу 50.000 и 100.000 евра, одлучи кипарската Влада на вчерашната владина седница. Министерката за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар Марија Панајоту соопшти дека казната за предизвикување пожар во шуми од десет години затвор и/или парична казна […]

Зошто е слаба поддршката за европска Бугарија?


Неуспехот на преговорите за формирање на влада во Бугарија одамна се предвидуваа – и тоа чисто математички. Нема начин да има кабинет без ГЕРБ- ДПС (подреден на Дељан Пеевски) и „Продолжуваме со промената“ – „Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ). Но, Румен Радев обезбеди време за ТВ маркетинг за „Има таков народ“ (ИТН) како партија најблиска до него […]

За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници


На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско – албанската граница, кај Струга, од 30 јули до 4 август регистрирани се над 70 илјади патници, што е за 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. – Поради летната туристичка сезона и пристигнувањето на иселениците во родните места, во двете земји, нивниот број е во постојан […]

Во Бугарија одат на седми парламентарни избори за три години


Софија – Бугарија оди на седми избори по ред во изминатите три години. Претседателот на Националното собрание Раја Назарјан го одби претседателот Румен Радев да биде следниот вршител на должноста премиер. Двајцата разговарале за можноста за средба во претседателството, откако политичката партија „Има таков народ“ го врати неисполнетиот трет мандат. Гласањето најверојатно ќе биде во […]

Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран


Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20ина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција. Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран. Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца […]

Во Албанија регистрирани три жртви на „нилска треска“


По 13 години во Албанија се врати „ниска треска“, од која досега регистрирани се три жртви и 17 заразени. – Нилската треска ја шират комарците кои се хранат со крвта на птиците. Вирусот не се шири од човек на човек. Периодот на инкубација за западнонилската треска се движи од 2 до 15 дена, а кај […]

Во Србија и неделава протести против отворањето рудници за литиум, во сабота централен протест во Белград


Во Србија неделава продолжуваат протестите против отворањето на рудници за литиум во организација на еколошки здруженија. Вечер ќе се одржат во пет градови, а до крајот на неделата во најмалку 18 други градови низ Србија. Централниот протест ќе се одржи во Белград, сабота на 10 август, јави дописникот на МИА од Белград. На сите собири […]

За два месеца над 35 илјади туристи добиле услуга во летните здравствени амбуланти во Албанија


Во изминатите два месеца, односно од први јуни, кога почнаа да функционираат, до 31 јули, во летните здравствени амбуланти во Албанија услуга добиле околу 35 илјади туристи, објави министерката за здравство Албана Кочи.  Во видеозаписот што го објави на Фејсбук има и изјави на годишноодморци, кои се многу задоволни од односот на медицинскиот персонал и […]

Инфлацијата во Турција се намали за десет процентни поени, сега е 61,78 отсто


Во јули годишната стапка на инфлација во Турција се намали од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат. Ова е втор пад на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст, а инфлацијата во таа земја сега е најниска од октомври 2023 година. Цените на храната и […]

Вангел Таво нов градоначалник на Химара, го повика противкандидатот да му биде заменик


 Кандидатот на владејачката Социјалистичка партија, Вангел Таво е новиот градоначалник на албанското приморско гратче Химара. На вчерашните делумни избори тој освои 5022 гласа или 58,62%, додека неговиот против кандидат Петро Ѓикурија од опозициската коалиција “Победуваме заедно” 3545 или 41,38% од гласовите. Вангел Таво(55) роден е во Ѓирокастро, бил министер за труд и социјална политика, пратеник, […]

Првиот српски сателит ќе го снима Сонцето и Србија оддалеку


Белград – Првиот сателит – Мозаик – што Србија де подготвува да го испрати во орбитата освен што ќе го набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци, што е невозможно од земјата, има и мала камера што ќе ја снима Србија оддалеку. Тоа го нагласи во изјава за Политика научниот соработник на српската Астрономска  опсерваторија во […]

Турција испрати сондажен брод за природен гас во Црното Море


Турскиот сондажен брод „Абдулхамид Хан“ отплови за Црното Море заради сондажни активности, објави „Хуриет дејли њуз“. На бродот, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар изјави дека гасното наоѓалиште Сакарија, откриено во 2020 година, е најголемото откриено во турски води и дека земјата треба брзо да го зголеми производството. Дневното производство во Сакарија моментално […]