Се уште трае блокадата на РТС во Белград


Белград – Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што ја почна синоќа од студентите во блокада  кои најавија дека ќе трае 22 часа. Вработените во Радио телевизија на Србија можат да си заминат, но ќе бидат спречени да влезат во зградата, најавија демонстрантите. „На 10 март […]

ЕП отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија


Тирана –  Европскиот парламент (ЕП) ќе отвори канцеларија во Албанија за дополнително зајакнување на својот ангажман во Западен Балкан, јавија албанските медиуми цитирајќи синоќешно соопштен  од таа институција.  Според соопштението на ЕП, новата канцеларија на ЕП во Тирана ќе служи како клучна точка за контакт меѓу ЕП и националните парламенти, граѓанското општество и локалните партнери […]

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк


Атина – Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина. Главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, […]

Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради


Белград-  Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма. Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа.  Во моментов околу просториите на Радио телевизија на Србија во Белград се наоѓаат голем број полицајци. […]

Уставниот суд на Бугарија објави дека се прави обид за саботажа на изборниот процес


  Претседателката на Уставниот суд на Бугарија, Павлина Панова, со невидено обраќање до нацијата соопшти дека се прави обид за саботирање на уставниот случај за изборен фалсификат. Во понеделникот се дозна дека државната компанија која ги обработува изборните резултати и обвинителството презеле дејствија за блокирање на активностите на Уставниот суд. Случајот е клучен бидејќи може […]

Вучиќ: За пет дена ќе има обид за револуција во Србија, ќе бараат преодна влада


  Српскиот претседател Александар Вучиќ во Главниот одбор на Српската напредна партија изјави дека остануваат уште пет дена до „нивниот обид за револуција“ и уривањето на уставниот поредок, што е едно од најтешките злосторства во Србија. „Главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање некаква преодна влада. Тие не можат да го соборат претседателот, […]

Вучиќ: „Кому му требаат 50-метарски базени, ќе се удавам три пати“


  Претседателот Александар Вучиќ изминативе денови ја обиколува државата во обид да го изгасне огнот од протестите кои ја кренаа Србија на нозе. Претходниот ден го посети и градот Ковин, а по тој повод ги посети и работите на затворениот базен. Вучиќ имаше многу интересен разговор за димензиите на базенот, кој наскоро треба да започне […]

Руте: Нема да дозволиме безбедносен вакуум во БиХ како во 1992 година


НАТО целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и порачува дека мора да се почитува Дејтонскиот мировен договор, како камен темелник на мирот во земјата, истакна денеска во Сараево генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.  – Секоја активност што ги поткопува Дејтонскиот договор, уставниот поредок или националните институции, е неприфатлива. Поттикнувачката […]

Руте во посета на Босна и Херцеговина


Брисел– Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во Сараево во еднодневна посети Босна и Херцеговина.  Како што соопшти НАТО, предвидено е Руте да се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ, со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, како и со министрите за надворешни […]

Големи промени во Хрватска: ХДЗ веќе не е партија со највисок рејтинг


  Има голема промена во врвот на политичките преференции во Хрватска, поради што владејачката ХДЗ треба да биде многу загрижена, особено пред локалните избори во мај. Според најновиот „Кродемоскоп“, истражување на РТЛ, ХДЗ е истисната од првото место меѓу преференциите на гласачите за прв пат по пет години. Опозициската СДП има 26,3 проценти поддршка, а […]

Изборната комисија на Романија ја отфрли кандидатурата на националистот Георгеску


  Романското изборно тело во неделата ја отфрли кандидатурата на Калин Георгеску на повторените претседателски избори, откако екстремно десничарскиот популист победи во првиот круг од минатогодишната трка пред највисокиот суд да ги поништи изборите, пренесе АП. 62-годишниот Георгеску поднесе својата кандидатура во петокот во главниот град Букурешт, по што Централното изборно биро имаше 48 часа […]

Рубио: Дејствијата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност


Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствијата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“, и ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на ова „опасно и дестабилизирачко однесување“: „Нашата влада ги […]

Дете удри во дрво и загина на скијачка патека во Словенија


Дете трагично го загуби животот денеска на скијачката патека на Соришка планина. Несреќата се случила околу 9:40 часот, кога детето, скијајќи, излетало од патеката и удрило во дрво. Поради сериозноста на повредите, детето починало на лице место. И покрај брзата реакција на екипите за прва помош, како и доаѓањето на хеликоптер од словенечката војска и […]

Следува најтоплото лето на Балканот – суши, бури и топлотни бранови


Според метеоролошките прогнози, ова лето Балканот ќе доживее рекордно високи температури. Просечните температури се зголемени за два Целзиусови степени што поттикнува суши и бури, а следуваат и многу топлотни бранови кои ќе се појават во јули.   Тогаш, се очекува и минималната температурата на воздухот да го надмине просекот и да достигне околу 19 степени. […]

Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената


Истанбул – Турските власти приведоа 112 лица во Истанбул за време на демонстрациите на Меѓународниот ден на жената, ослободувајќи ги сите освен еден кој остана во притвор, соопштија денеска организаторите. Демонстрациите за одбележување на настанот, кои се одржаа вчера, со години се забранети во Истанбул. Оправдувањето дадено оваа година беше дека тие може да го […]

Уставен суд на Романија: Ѓорѓеску може на избори


Уставниот суд на Романија ги отфрлил жалбите против регистрацијата на Калин Ѓорѓеску како кандидат за претседател на Романија. Ѓорѓеску вчера изјави дека ја поднел кандидатурата до Централната изборна комисија за претстојните претседателски избори, закажани за 4 мај. Истовремено, поднесени се две жалби до Уставниот суд против неговата кандидатура. Според романското законодавство, ЦИК може да прифати […]

И денеска масовни протести во Србија, главниот плоштад во Белград полн со луѓе


Еден ден по одржаниот вториот генерален штрајк во Србија, протестните маршеви продолжија во голем број градови. Граѓаните од Белград, Нови Сад, Ниш и од други градови излегоа на улица, додека студентите од Суботица пешачат кон Белград, каде што се очекува да пристигнат на 15 март на голем митинг. Откако цело попладне се одржаа протести на […]

Бугарија се бори да ја излечи кризата со лекови за рак


Бугарија најави итни мерки за намалување на бирократските пречки за увозот и дистрибуцијата на основните третмани за рак во обид да се справи со растечкиот недостиг. „Новите мерки влијаат на над 40 лекови за рак, а целта на владата е да го спречи ризикот бугарските граѓани да бидат лишени од здравствено осигурување за основната терапија […]

Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки


Птичјиот грип Х5Н1 ја прошири картата на инфекции во Албанија и една од најголемите живинарски фарми во земјата ја има болеста во четири објекти. Досега се уништени 68.000 кокошки, а блокирани се 415.000 јајца. Шефицата на кабинетот на Министерството за земјоделство, Ермира Ѓечи рече дека јајцата на пазарот се безбедни, бидејќи инспекторите на Агенцијата за […]

Товарен брод удри во танкер закотвен во Истанбул


Товарниот брод „Орита“ удри во танкерот „Миа“, кој беше закотвен во Истанбул, по што од оштетениот резервоар на танкерот во морето беше испуштена нечиста вода. Реморкери се испратени на местото на судирот, кој се случил во текот на вчерашниот ден, јавуваат турските медиуми. Танкерот со нафта е долг 270 метри, додека товарниот брод е долг […]