Во Пиреа запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра


Атина – Во контејнер со банани, со потекло од Еквадор и крајна дестинација атинското пристаниште Пиреа, со помош на куче душкач, биле откриени и запленети 54 килограми кокаин во рамки на заедничката акција на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција и од Секторот за борба против финансиски криминал, јави дописничката на МИА […]

„Студентка“ на Вучиќ: Нè донесоа во паркот, ни рекоа дека ќе останеме само еден ден


„Студентите кои сакаат да учат“ од четвртокот навечер кампуваат во Пионерскиот парк, пред зградата на Српското претседателство. Во меѓувреме, во овој импровизиран „студентски“ камп беа идентификувани и функционери и членови на СНС, партијата на претседателот Александар Вучиќ. Лажни студенти Лажните студенти најчесто се вработени во јавни институции, меѓу кои и платени статисти, како и професори […]

Националното собрание на РС усвои предлог усвојување нов устав 


Народното собрание на Република Српска усвои предлог за одлука да се пристапи кон усвојување на нов устав на ентитетите, по што ќе следи усвојување на нацртот на тој акт. За усвојување на предложената одлука за усвојување на новиот устав на РС беше потребно општо мнозинство, кое го имаат партиите собрани околу Милорад Додик. Од присутните […]

Албанија потпиша договор со ЕБОР за 45,7 милиони евра за проект за одржливост на електродистрибуција


 Министерот за финансии Петрит Малај попладнево преку објава на социјалните мрежи соопшти дека со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е потпишан договор за долгорочен заем во вредност од 45,7 милиони евра, со многу поволни услови. Договорот  го потпишаа потпретседателот на ЕБОР Матео Патроне, кој престојуваше во Тирана и директорката на електродистрибуција, Енеа Каракачи, […]

Пред 22 години беше убиен Зоран Ѓинѓиќ: Политичката позадина до денес не е откриена


На 12 март 2003 година, Зоран Ѓинѓиќ беше погоден со два снајперски куршуми во градите во дворот на Владата. Веднаш потоа беше пренесен во Ургентниот центар, каде што беше направен обид за реанимација, но без успех. Денес се одбележуваат 22 години од неговиот атентат, пренесува Н1. Неколку часа по убиството на Ѓинѓиќ, во Србија беше прогласена […]

Во Турција за време на викендот температури до 30 степени, идната недела зимата ќе се врати во многу делови од земјата


Температурите во Турција за време на викендот ќе достигнат до 30 степени, а следната недела зимата ќе се врати во многу делови од земјата, пренесе турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Метеоролошката служба. Во меѓувреме, пустинската прашина од Сахара ќе покрие многу области во земјата. Пустинска прашина покри делови од метрополата Истанбул, а во текот […]

Македонската партија во Албанија се повлече од предизборната коалиција предводена од Бериша


Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се изјаснила дека се повлекува од изборната коалиција „Алијаса за величествена Албанија“ предводена од опозициската Демократска партија на Сали Бериша. Според потпретседателот на партијата, Ендрит Фетаху, не бил испочитуван договорот во рамките на коалицијата. -Доставивме барање до Централната изборна комисија да не избрише од […]

„Кој тоа таму блокира“: Студенти во Србија ја препееја легендарната сцена од филмот „Кој тоа таму пее “


Студентите кои протестираат во Србија ја рекреираа иконската сцена од филмот Кој тоа таму пее , во режија на Слободан Шијан. Тие објавија видео наречено Кој тоа таму блокира ? „Во сабота ќе се раздени, од далеку ќе дојде ден. Сиромашните од овој крај чекаат да изгрее, чекаат да изгрее“, е дел од песната За […]

Половина плата за грчкиот пратеник кој вандализираше уметнички дела во Националната галерија


Атина – Со кратење на половина од месечниот приход во Парламентот, казнет е пратеникот од грчката радикално десничарска партија Победа, Николаос Пападопулос поради вандализмот во Националната галерија, соопшти собранискиот спикер Никитас Какламанос, јави дописничката на МИА од Атина. Пратеникот во понеделникот оштети четири уметнички дела на изложба поставена во Националната галерија , бидејќи смета дека е […]

Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари за проектот „Смарт Сити“ за поголема безбедност


 Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари во рамки на проектот „Смарт Сити“, со цел да ја зголеми јавната безбедност и безбедноста на патиштата преку вештачка интелигенција и инсталирање на камери на патиштата, радари, камери кои полицајците ќе ги носат на нивното тело и сензори за бучава. Ова го изјави заменик министерот за внатрешни работи, […]

Шведски бизнисмен и политичар, сосопственик на „Пајрат беј“ загина во авионска несреќа во Словенија


Карл Лундстром, 64-годишен шведски бизнисмен и политичар, познат како сосопственик на светски познатата пиратска веб-страница The Pirate Bay, загина во авионска несреќа во Словенија. За потсетување, мал авион кој полета од Загреб во понеделникот се урна во колиба во областа Велика Планина во Словенија. Авионот Mooney Ovation M20R изгубил контакт со контролата на летот околу […]

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик


Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска. Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, […]

Пораката на Шведска е јасна: РС мора да го почитува Уставот на БиХ и законите на таа земја


 Шведското Министерство за надворешни работи во своето соопштение наведува дека Република Српска мора да го почитува Уставот на Босна и Херцеговина. „Република Српска мора да го почитува Уставот на Босна и Херцеговина и законите на земјата и да ја почитува јурисдикцијата и одлуките на судските институции на државно ниво“, се вели во соопштението. Република Српска […]

Во БиХ пристигнуваат резервните сили на ЕУФОР


Резервните сили на ЕУФОР денеска пристигнуваат во Босна и Херцеговина, по копнен пат, преку граничните премини Свилај и Бијача на границата со Хрватска и по воздушен пат, преку аеродромот во Сараево, соопшти ЕУФОР. Во соопштението се наведува дека во следните денови силите на ЕУФОР ќе бидат засилени со војници, возила и хеликоптери од Чешка, Италија […]

Која е новинарката на РТС која српските граѓани кои протестираат ги нарече – орда?


  Студентите сигурно имаа повеќе од доволно причини да го блокираат РТС во претходните месеци, но последната капка се покажа дека е последното појавување на Александар Вучиќ на јавниот сервис, кога новинарката на програмата, Бојана Млаѓеновиќ, ги нарече луѓето кои ќе бидат на улиците на Белград на 15 март – орда. Вучиќ во еден дел […]

Вучиќ му го покажа Белград на Трамп Јуниор од терасата на Претседателството, но не и студентите што бојкотираат


Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со Доналд Трамп помладиот, син на американскиот претседател Доналд Трамп, во Белград и му ја покажа глетката од терасата на Претседателството. – На Доналд Трамп помладиот му го покажав погледот на нашиот прекрасен Белград од терасата на Претседателството на Република Србија. Среќен сум што нашиот драг гостин можеше да […]

Доналд Трамп Џуниор пристигна во Белград, во план е средба со Александар Вучиќ


Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател, слетал во Белград со авион и се очекува да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, јавуваат медиумите во оваа земја. Ова не е првпат да е во Србија, бидејќи таму беше во септември за време на деловна вечера на која тема беше „инвестициите и атрактивноста на деловното […]

Црногорската војска го спаси легендарниот скијач Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ


Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада. Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на […]

Нарекувањето на студентите „орда“ беше поттик за блокадата на зградата на РТС во Белград


Водителот на РТС во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече орда студентите кои со месеци мирно протестираат. Ова беше причина студентите да ги блокираат влезовите на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, а тоа беше проследено со полициска бруталност. Во еден дел од гостувањето на РТС, Вучиќ праша зошто протестот што ќе […]

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска


Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст. Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи […]