Реакции по разговорот Трамп-Путин: Многу врева за (речиси) ништо


  Многу врева за (скоро) ништо. Вака накратко може да се сумираат коментарите во повеќето западни медиуми по вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, кои се согласија да работат на постигнување договор за 30-дневен прекин на нападите врз енергетските капацитети и инфраструктурата меѓу Украина и Русија. Во пресрет […]

(Видео/галерија) Се случи народ во Скопје за жртвите од Кочани


Попладнево во центарот на Скопје, на плоштадот „Македонија“, мирно, тивко и потиштено стојат илјадници луѓе, оддавајќи почит на 59 жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Присутни се околу 10.000 граѓани, според проценката на полицијата, а почнаа со 16 минути молк со што ќе оддадат почит за жртвите од Кочани. Токму само тоа и […]

Се плаши ли Владата од протестите за загинатите во Кочани?


  Се плаши ли Владата од протестите што се најавуваат или само ги сфаќа како аларм дека треба да се пресмета со тие што деновиве бараат отчет за нејзините пропусти околу трагедијата во дискотеката во Кочани? Сфати ли премиерот Христијан Мицкоски дека демократијата е незгодна и дека не е баш пријатно кога го прашуваат за […]

Родителите не можат да ги посетат пациентите, а премиерот може


  Премиерот Христијан Мицкоски вчера и денес беше во посета на пациентите кои се згрижени во болниците во Скопје, а кои настрадаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Премиерот при посетата вчера беше во придружба на министерот за здравство, Арбен Таравари, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и други лица, а и […]

Мицкоски за Папазов: И Свети ВМРО да е, ќе одговара ако направил грешка


  Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли денес прашањата на новинарите дека е можно градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, да не одговара за трагедијата во Кочани, со оглед на информациите оти е пуштен на слобода по исказот пред обвинителите –  иако според законот Општината била надлежна да има регистар на ноќни клубови и да наплатува лиценца. […]

(Видео) Стотици граѓани на протест во Кочани – извикуваат „Убијци!“ и „Сакаме правда“


  Стотици граѓани излегоа на протест денеска во Кочани, по трагичната несреќа каде во пожар загинаа 59 луѓе, најмногу од овој град, во дискотеката „Пулс“. Се фрлаат камења кон општинската зграда и извикуваат дека сакаат правда.  „Убијци“, се извикува кон институциите, а се договараат да одат и пред полициската станица. Од таму се упатуваат кон […]

Треба ли да бидеме спокојни: Колку новите 500 милиони евра ќе го зголемат јавниот долг


  „Бидете спокојни, ќе дознаете“. Вака премиерот Христијан Мицкоски во саботата најави ново задолжување од 500 милиони евра што ќе го земе Владата, а ќе биде наменето за реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. „Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта“, рече Мицкоски за време на посетата на општина Студеничани. […]

„За уши од дома ќе ги вадиме“: Мицкоски против „административната мафија“


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска се закани на, како што ја нарече „админстративната мафија“ дека ќе ги вади од дома „за уши“, без разлика за кој станува збор, односно на која функција, од која партија или од која етничка заедница. Тој по речиси девет месеци на власт презентирашe, како што рече „шокантни сознанија“ дека лани […]

Студентите извикуваа „Уаа!“ при говорот на Јаневска на собирот за жртвите од Кочани. Таа си замина


  Говорот на министерката за образование, Весна Јаневска, на платото во УКИМ, како и претходно на ректорката Биљана Ангелова, беше прекинат затоа што меѓу насобраните студенти на нeколкумина им се слоши. Беше повикана брза помош, а се бараше и од студентите по медицина да им помогнат на своите колеги.  По интервенцијата на лицата на кои […]

По цел ден молчење градоначалникот на Кочани поднесе оставка


  Откако вчера беше исчезнат цел ден во време голема трагедија го снајде неговиот град Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов денеска поднесе неотповиклива оставка. Македонската јавност, а особено неговите сограѓани, беа целосно зачудени зошто го нема градоначалникот Папазов во најтрагичните моменти за неговиот град и дури попладнето по големите реакции се јави со објава на Фејсбук. […]

(Видео/галерија) Студентите држат заеднички час за жртвите од пожарот во Кочани


  Студентите на УКИМ денеска во 12 часот се собраа на платото на Универзитетот каде одржуваат организиран заеднички час за искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.   Стотици студенти се собраа на платото, а откако од небото истури дожд, дел од нив влегоа во атриумите на трите факултети.  Заедничката […]

Осум повредени од Кочани примени во софиската болница „Пирогов“, нивната состојба е тешка, вели директорот д-р Димитров


Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст […]

Мицкоски не дава оставка, сака прво да го порази корумпираниот систем


  „Ми се кине срцето и немам сила да зборувам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен“ – со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски ја отвори прес-конференцијата во врска со несреќата во дискотеката во Кочани. Во театрален тон тој рече дека несреќата е резултат на систем кој се градел со децении, во време на […]

Болката за загинатите во кочанската дискотека е огромна, многу прашања уште чекаат одговор


  Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги изгубија своите најблиски во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а уште над 150 се во исчекување за судбината на повредените, од кои некои и со тешки изгореници, и кои се сместени во болниците во државата. Болката за загинатите во кочанската дискотека не стивнува, а […]

Што стана со Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година


  Што е со Центарот за изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешната Градска болница)? Ова прашање предпладнево беше упатено и до претседателката Гордана Силјановска-Давкова при нејзината посета на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“, но таа не знаеше за судбината на овој Центар. „Јас не сум доктор“, рече […]

Загина Андреј од ДНК – се спасил од пожарот во Кочани, но се вратил да спасува девојчиња


  Македонската естрада е во шок. Андреј Ѓоргиески (1982, Скопје), еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани кој избувна утринава пред 3 часот. Од релевантни извори во јавноста се прошири дека Андреј се спасил, но се вратил да спаси девојчиња и повеќе не излегол од внатрешноста. Зад себе […]

(ВИДЕО) Голема трагедија во Кочани, најмалку 59 луѓе загинаа во пожар во дискотеката „Пулс“


  Најмалку 59 жртви има во големиот пожар што избувнал ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на популарната македонска група ДНК, на кој присуствувале 1.500 посетители. Глетката на местото на несреќата била стравична – на сите страни изгорени тела на млади луѓе. До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства. Во болницата […]

„Овде сме бидејќи предолго трпевме, но веќе нема“: Порака од студентите на протестот во Белград


  Отако на платото пред Народното собрание се собраа стотина и повеќе илјади луѓе, главните настани на студентскио протест што денеска се одржува во Белград се префли на плоштадот Славија, кој е намлаку еден километар оддалечен. Тоа беше направено за да се избегнат можните конфликтни ситуации „Студентите кои сакаат да учат“ во Пионерскиот парк кај […]

Србија на нозе. Реки луѓе се слеваат кон Народното собрание. Сцените се нестварни (Галерија)


  Граѓани од цела Србија во саботата наутро се упатија кон Белград на покана од студентите во блокадата за да учествуваат на големиот митинг „15. за 15“, антивладин протест на кој се бара одговорност за несреќата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција. Сигурно дека ова ќе биде најголемиот […]

Што значи „ПУМПАЈ“ и како тој збор стана мото на студентските протести во Србија


  Кога сношти студентите од различни колони од Србија пристигнуваа во Белград, низ улиците на српскиот главен град исполнети со десетици илјади луѓе ечеше еден збор – ПУПМАЈ. Што значи „пумпај“ и како тој збор стана лајтмотив на студентските протести против корупцијата во Србија. На почетокот на четиримесечните протести тој можеби звучеше како тривијалност или […]