„Шеесет секунди. Толку траеше“: Како беше изведена прецизната операција за убиството на Хамнеи


  Атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше кулминација на децении макотрпно собирање разузнавачки информации од страна на израелските тајни служби, со клучни технолошки ресурси и работна сила обезбедени во текот на последните шест месеци од ЦИА и други американски разузнавачки служби, што кулминираше со еден концентриран наплив на смртоносно насилство за …

„Шеесет секунди. Толку траеше“: Како беше изведена прецизната операција за убиството на Хамнеи Read More »

Последните часови на Али Хамнеи: Како беше изведен атентатот на столетието во срцето на Техеран


   Животот на Али Хамнеи висеше на конец минатата година. Имено, за време на 12-дневната војна меѓу Израел и Иран, израелските функционери имаа можност да го ликвидираат ајатолахот. Но, потоа Доналд Трамп го спречи нападот и ги принуди Иран и Израел на кревко примирје, пишува британски „Телеграф“. Осум месеци подоцна, преговорите за ограничување на нуклеарните …

Последните часови на Али Хамнеи: Како беше изведен атентатот на столетието во срцето на Техеран Read More »

„Њујорк тајмс“ го критикува Трамп: Дојде да прави мир, а само почнува војни!


  Американскиот весник „Њујорк тајмс“ во остар уреднички коментар го оценува нападот на САД врз Иран како непромислен и директно го критикува претседателот Доналд Трамп за, како што наведува, нејасна стратегија, заобиколување на Конгресот и за недостиг од транспарентност кон американската јавност. Во својата претседателска кампања во 2024 година, Доналд Трамп ветуваше дека ќе ги …

„Њујорк тајмс“ го критикува Трамп: Дојде да прави мир, а само почнува војни! Read More »

Кој ќе го замени Хамнеи, ајатолахот што владееше со железна тупаница во Иран?


Ајатолахот Али Хамнеи владееше со Иран со железна тупаница како врховен лидер речиси четири децении, соочувајќи се со САД и Израел, додека ги потиснуваше несогласувањата и ја унапредуваше контроверзната нуклеарна програма дома. Неговото убивање е  сеизмички развој што ја турка неговата нација и регионот во непозната територија. Како еден од најмоќните луѓе на Блискиот Исток, …

Кој ќе го замени Хамнеи, ајатолахот што владееше со железна тупаница во Иран? Read More »

Нетанјаху: Има знаци дека ајатолахот Хамнеи „веќе не е со нас“


  Се зголемуваат знаците дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, „веќе го нема“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео изјава до јавноста. Тој рече дека утрово Израел елиминирал команданти на Иранската револуционерна гарда, високи функционери на иранскиот режим, високи нуклеарни функционери и дека во наредните денови „ќе погодиме илјадници цели на терористичкиот режим“. …

Нетанјаху: Има знаци дека ајатолахот Хамнеи „веќе не е со нас“ Read More »

Голем револт кај сточарите – наместо премија за млекото добија „лага со опашка“


Расте револтот кај сточарите за неисплатените субвенции за 2025 година, за неисплатената премија за млекото за 9 месеци од 2025 и се што е заостанато од 2024 година. Додека одгледувачите на крави, овци и кози ги чекаат субевенции, за овчарите дополнително е неизвесно кога и по која цена ќе почне откупот на јагнето. Сточарот Тони …

Голем револт кај сточарите – наместо премија за млекото добија „лага со опашка“ Read More »

САД и Израел го нападнаа Иран


Израел  утрово започна со она што го нарече „превентивен напад“ врз Иран, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додека вонредна состојба е прогласена низ целиот Израел. САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција. Непотврдени извештаи …

САД и Израел го нападнаа Иран Read More »

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен


  Изградбата на пречистителната станица во Скопје напредува, а треба да почне со работа во 2030 година.  Претставникот на Европската инвестициска банка, која се јавува како инвеститор во овој капитален скопски проект, Бјорн Габриел, е задоволен од напредокот во изградбата, и ги охрабрува сите инволвирани во во проектот да обезбедат сигурно поврзување на сите компоненти …

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен Read More »

Сиљановска до Бегај: Жителите на Пустец да се прашаат дали сакаат мигрантски кампови на нивната територија


  Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференцијата со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова повтори дека сме цврсто определни за влез во ЕУ и истакна дека во чекорењето на Црна …

Сиљановска до Бегај: Жителите на Пустец да се прашаат дали сакаат мигрантски кампови на нивната територија Read More »

Мекотели, Фројд, мошти – многу зборови, а малку одговори на Мицкоски на прашањата на Филипче


Премиерот Христијан Мицкоски и денеска од собраниската говорница ја раскажуваше лекцијата од биологија за мекотелите отфрлувајќи ги наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во прашањето поставено до него. На денешната седница за пратенички прашања тој одговараше малку во грч и напрегнато, што веројатно имаше удел и одлуката на обвинителството за Артан Грби, која ја …

Мекотели, Фројд, мошти – многу зборови, а малку одговори на Мицкоски на прашањата на Филипче Read More »

Европарламентарците побараа поголем ангажман на Брисел околу блокадата на Македонија


  Уставните измени остануваат клучни за продолжување на преговорите на Македонија со ЕУ, но  одговорноста за застојот не е само во Скопје туку и во Брисел – порачаа денес повеќе европарламентарци, расправајќи по извештајот на Томас Вајц за нашата држава. Нови, во споредба со лани, беа барањето европската дипломатија да се вклучи повеќе во барањето …

Европарламентарците побараа поголем ангажман на Брисел околу блокадата на Македонија Read More »

Уште 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид. Цената ќе стигне на 784 милиони евра


  За автопатот Кичево – Охрид ќе требаат нови и нови пари. Со еден вид геометриска прогресија сега се додадени уште 186 милиони евра. Сегашнава власт кога беше во опозиција пукаше од сите оружја кон тогашната власт затоа што склучи анекси на првичниот договор и затоа што мораа да се направат големи измени на првичниот …

Уште 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид. Цената ќе стигне на 784 милиони евра Read More »

Нови „алтернативни факти“ на министерот Николоски. Овој пат за аеродромот во Охрид


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, уште еднаш додаде историски квалификативи на она што го прави тој и неговото министерство. Во поткастот на Сител тој рече: „Следната недела почнуваме со реконструкција на аеродродмот во Охрид, прва реконструкција од тој тип од неговото градење. Инаку до скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас …

Нови „алтернативни факти“ на министерот Николоски. Овој пат за аеродромот во Охрид Read More »

Експропријацијата на Гостивар – Букојчани: Николоски вели 90 отсто е завршена, надзорот наведува 53 отсто


  Продолжени рокови за завршување на проектот, контрадикторни информации за досега завршената експропријација, промена на трасата… ова се дел од информациите за реализирање на мега проектот за изградба на дел од четирите делници на коридорите 8 и 10д, кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, а кои се финансираат со средства од Буџетот. Некои од …

Експропријацијата на Гостивар – Букојчани: Николоски вели 90 отсто е завршена, надзорот наведува 53 отсто Read More »

„Ова е златното доба на Америка“: Трамп го одржа најдолгото обраќање за состојбата на нацијата досега


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето обраќање за состојбата на нацијата, најдолго во американската историја, во вторникот ги пофали своите економски достигнувања што им го донесоа на САД нивното „златно доба“. Трамп зборуваше пред Конгресот рекорден час и 47 минути, надминувајќи го демократот Бил Клинтон, кој зборуваше еден час и 20 минути во 2000 …

„Ова е златното доба на Америка“: Трамп го одржа најдолгото обраќање за состојбата на нацијата досега Read More »

„Оваа одлука е скандал, барам одговорност“: Министерот Филков за куќниот притвор на Груби


  Не може притворот да е правило за обични луѓе, а да не важи за Груби, порача денес на прес-конференција министерот за правда, Игор Филков. Тој , наведувајќи ги по име еден по еден, побара одговорност од обвинителите и од судиите кои ја донеле оваа одлука, порачувајќи притоа дека нема да биде нем сведок кога …

„Оваа одлука е скандал, барам одговорност“: Министерот Филков за куќниот притвор на Груби Read More »

Обвинителството се вади на МВР и АНБ по гневот во јавноста за куќниот притвор на Груби


  По големата бура во јавноста по одлуката поранешниот вицепремиер Артан Груби да оди во куќен притвор наместо затворски, Јавното обвинителство на Македонија даде објаснување зошто се одлучило на таков предлог. Главната причина била неможноста да се гарантира безбедноста на Груби во „Шутка“, а тоа го сугерирале МВР и АНБ. Артан Груби вчера ѝ се …

Обвинителството се вади на МВР и АНБ по гневот во јавноста за куќниот притвор на Груби Read More »

Груби оди во куќен притвор со 24 часовен надзор од полиција


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на  јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот. Имено, откако утрово КПУ  затвор „Скопје“- Скопје, го извести …

Груби оди во куќен притвор со 24 часовен надзор од полиција Read More »

Артан Груби уапсен на граничниот премин „Блаце“ и веќе е во притвор


  Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин „Блаце“. Веднаш потоа е однесен во Истражниот затвор во Шуто Оризари во притвор. Се дознава дека Груби отишол во затворот без адвокат. За Груби има правосилно решение за притвор од 30 дена. „Денеска (23.02.2026) во 06,10 часот …

Артан Груби уапсен на граничниот премин „Блаце“ и веќе е во притвор Read More »

„Се премислив“: Виктор Орбан за блокирањето на помошта на Украина


  Европските министри за надворешни работи во понеделник упатија остри критики кон Унгарија поради планот на Будимпешта да го блокира најновиот круг санкции на ЕУ против Русија. Врвните дипломати на блокот се собраа во Брисел за да разговараат за одобрување на 20. пакет санкции против Москва. ЕУ се надеваше дека пакетот ќе биде одобрен на …

„Се премислив“: Виктор Орбан за блокирањето на помошта на Украина Read More »