Колку навистина ќе се зголемат пензиите, за илјада денари или за повеќе?


  Колку, всушност, ќе се зголемат пензиите во септември годинава и во март идната година? Дали тоа ќе биде два пати по илјада денари, како што првично беше најавено, или помалку, или можеби повеќе, како што навестува Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој по скратена постапка е доставен во Собранието. …

Колку навистина ќе се зголемат пензиите, за илјада денари или за повеќе? Read More »

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури


Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот …

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури Read More »

СДСМ: Дури 318.000 пензионери ќе бидат оштетени со линеарното зголемување на пензиите


  Владата им подготвува историска измама на пензионерите кои со линеарното зголемување ќе бидат оштетени не еднаш туку двапати и ќе бидат погодени најголемиот дел од нив, односно над 318.000 пензионери, реагираат од опозициската СДСМ, кои денеска во соопштение ја презентираа својата пресметка за последиците од овој модел. „Пензионерите не само што се оштетени сега, …

СДСМ: Дури 318.000 пензионери ќе бидат оштетени со линеарното зголемување на пензиите Read More »

Ердоган подготвува нов „Век на Турција“


  (Од нашиот известувач) ИСТАНБУЛ/АНКАРА – Со помоќен глас од тоа што годините му го дозволуваат, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денот на одбележувањето на годишнината од обидот за државен удар во 2016 година ја опиша визијата за нова Турција. Според него, тоа ќе биде „Турција ослободена од тероризам, во ист таков регион што …

Ердоган подготвува нов „Век на Турција“ Read More »

Мицкоски со нов став за пензиите: Процентуалното зголемување ќе се распредели подеднакво на сите


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска го модифицираше ставот за зголемување на пензиите – наместо претходно бомбастично најавените во интервју за Канал 5 илјада денари во септември и исто толку во март идната година, тој сега вели дека износот од процентуалното зголемување ќе се распредели на сите пензионери подеднакво. Ова е трето менување на ставот на …

Мицкоски со нов став за пензиите: Процентуалното зголемување ќе се распредели подеднакво на сите Read More »

Академик Ќулавкова остро против предлогот на Мицкоски и Милошоски: Тоа е „руски рулет“ за Македонија


  Катица Ќулавкова, член на МАНУ, остро го нападна предлогот на премиерот Христијан Мицкоски, а потоа разработен од пратеникот Антонио Милошоски, Македонија преку бугарските пратеници во Европскиот парламент да да поднесе резолуција во која „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик… и да почнеме да испорачуваме“. Ќулавкова, која е позната по застапувањето на …

Академик Ќулавкова остро против предлогот на Мицкоски и Милошоски: Тоа е „руски рулет“ за Македонија Read More »

И ДКСК индиректно поддржа оставка на Димитровска


  Државната комисија за спречување на корупција реагираше на повиците во јавноста  претседателката Татјана Димитровска, поради покренатите обвиненија против неа. Индиректно Антикорупциска ја повикува Димитровска да си поднесе оставка, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе две обвиненија против неа:  едното за издавање службена тајна во случајот „Адитив“, а другото за тоа што …

И ДКСК индиректно поддржа оставка на Димитровска Read More »

Дали Владата ќе заштеди со линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари?


  Линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари во октомври годинава (за септемвриските пензии) и исто толку во април идната година (за пензиите за март 2026 година) би можело да ја чини Владата помалку во вкупен износ во однос на законскиот принцип за процентуално зголемувања на примањата на пензионерите. До крајот на годинава, за зголемувањето …

Дали Владата ќе заштеди со линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари? Read More »

„Одредете си цена за вашите деца“: Тешки детали од средбата на родителите од Кочани со премиерот Мицкоски


  Брегот не стигна кај родителите, затоа тие отидоа кај брегот. Неколку месеци родителите на загинатите и повредените млади луѓе од Кочани ги чекаат премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги посетат во нивниот град и отворено пред јавноста да разговараат за нивната тага, за опустошените семејства, за истрагата, за виновниците, за финансискиот …

„Одредете си цена за вашите деца“: Тешки детали од средбата на родителите од Кочани со премиерот Мицкоски Read More »

Две обвинувања за претседателката на Антикорупциска: Оддавала службена тајна и друг полагал за неа безбедносен сертификат


  Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е наведена на два пати во обвинителниот акт што денеска го објави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) – еднаш дека оддавала службени тајни во случајот „Адитив“, а друг пат дека побарала од нејзин колега во Државниот завод за ревизија да го …

Две обвинувања за претседателката на Антикорупциска: Оддавала службена тајна и друг полагал за неа безбедносен сертификат Read More »

Реакција од Владата: Не се точни наводите од обраќањето на родителите од Кочани


  Владата преку Секторот за односи со јавноста тврди дека со пренесување на јавното обраќање на родителите од Кочани се правело злонамерно дефокусирање. И дека таа прави сѐ да се решат проблемите по трагедијата во Кочани и ќе прави уште повеќе. Таа тврди дека наводите во обраќањето не биле точни. И повторно апелира да не …

Реакција од Владата: Не се точни наводите од обраќањето на родителите од Кочани Read More »

Спуштени тензиите: Mакедонија и Бугарија ќе го градат тунелот на Деве Баир според постоечкиот проект


  Во Брисел се одржа средба на ретко разбирање во последно време меѓу Македонија и Бугарија. И тоа во секторот каде што имаше голема напрегнатост до пред два-три месеци: во транспортот. делагации на двете министерства за транспорт со посредство на ЕУ се договорија не само да продолжат, туку и да се забрзаат активностите во изградбата …

Спуштени тензиите: Mакедонија и Бугарија ќе го градат тунелот на Деве Баир според постоечкиот проект Read More »

Македонија ќе добие само половина од парите од ЕУ за реформите што ги направила до декември лани


  Од предвидените 17 милиони евра од ЕУ од Планот на раст за земјите од Западен Балкан, според направените реформи до декември лани Македонија во наредниот период ќе може да смета на половина од износот, или 8,5 милиони евра, покажуваат прелиминарните сознанија на Министерството за европски прашања. Ваквиот епилог се должи на фактот дека од …

Македонија ќе добие само половина од парите од ЕУ за реформите што ги направила до декември лани Read More »

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра


  Долго најавуваната мерка од новата власт – студентите да добијат ваучер од 250 евра, за да купат таблет или лаптоп – ќе стане  реалност, а тоа ќе нѐ чини речиси 14.000.000 евра. Овие пари од Буџетот ќе бидат распределени на околу 55.000 студенти. Но што ќе донесе ваквата инвестиција, никој не знае.  Денеска, пратеникот …

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра Read More »

Трамп ги повикуваше поддржувачите да гледаат заговори насекаде. Со Епштајн, тоа му се враќа нему


  ЊУЈОРК – Додека неговите поддржувачи еруптираат поради неуспехот на американското Министерство за правда да ги објави многу рекламираните записи во истрагата за трговија со луѓе на Џефри Епштајн, стратегијата на претседателот Доналд Трамп е да го намали значењето на проблемот. Неговиот проблем? Тој пристап „ништо да не се види тука“ не функционира за оние …

Трамп ги повикуваше поддржувачите да гледаат заговори насекаде. Со Епштајн, тоа му се враќа нему Read More »

Орбан има поклоници надвор, но власта му пука дома


  Дописникот на Би-Би-Си од Будимпешта, Ник Торп, направи една анатомска анализа за драматичниот развој на политичката ситуација во Унгарија и како моќта на премиерот Виктор Орбан се распаѓа. И тоа во моментите кога „силниот премиер“ го инспирираше прирачникот на Доналд Трамп. Од резултатот на изборите во април 2026 ќе зависи развојот на настаните во …

Орбан има поклоници надвор, но власта му пука дома Read More »

Напаѓачот на Данела Арсовска од домашен оди во затворски притвор


  Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена …

Напаѓачот на Данела Арсовска од домашен оди во затворски притвор Read More »

За автопатот Кичево – Охрид ќе требаат уште пари, но и повеќе време да се заврши


  За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот во Царинската управа за резултатите од работењето. Мицкоски не прецизираше уште колку пари ќе бидат потребни за завршување …

За автопатот Кичево – Охрид ќе требаат уште пари, но и повеќе време да се заврши Read More »

Што се случува со грозјето? Лoзарите велат дека има голем грабеж со цената, власта се фали


  БИТОЛА – Рекордна цена за грозјето од реколтата за 2025 година или грабеж и манипулација на лозарите. Бурни реакции предизвика денеска објавената цена за „вранецот“ и „смедеревката“ од страна на Министерството за земјоделство. Власта се пофали, а лозарите се жалат на манипулации и бараат од Министерството да ја соопшти производната цена на грозјето, а …

Што се случува со грозјето? Лoзарите велат дека има голем грабеж со цената, власта се фали Read More »

Обвинителството го демантираше Тошковски, Данела е таа што била нападната


  За помалку од 20 часа Основното јавно обвинителство Скопје  ги демантираше шпекулациите на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој синоќа преку националните телевизии сугерираше дека можеби градоначалничката на Скопје го предизвикала сериозниот инцидент во Чаир. Според соопштението на обвинителството, за сѐ се виновни двајца напаѓачи на Арсовска, а за едниот се бара притвор. …

Обвинителството го демантираше Тошковски, Данела е таа што била нападната Read More »