Каспаров: Западот носи санкции за да тврди дека прави се што може


Алексеј Навални (Фото: ТАСС)

„Секој пат кога се најавуваат нови санкции кон Русија или испраќање ново оружје во Украина, тоа им дава тежина на лажните тврдењата дека Западот прави се што може.Поминаа две години од сеопфатната војна на Русија, а сојузниците на Украина сè уште се воздржуваат. Зошто? Се надеваат на договор со Путин?“ – напиша денес рускиот поранешен шампион во шавх и дисидент Гари Каспаров.

Неговата изјава беше реакција на одлуката на Брисел денес да воведе 13 пакет санкции против Русија, иако ефектите од претходните не се којзнае колку забележителни. Тој е еден од се повеќето јавни личности и функционери кои се сомневаат јавно во волјата на САД и ЕУ да и помогнат на Украина да ја победи воено Русија и на тврдењата дека прават се што можат. 

„Ние не ја сакавме оваа војна, таа беше избор на Путин, а не наш. Сега мораме да ги избришеме црвените линии што самите си ги нацртавме, да ја свртиме плимата и да ја опремиме Украина да победи.Путин нема намера да запре. Оние кои мислат дека Минск 3 ќе биде крај на оваа војна, покажуваат груба наивност, акосе изразам најучтиво. Единствениот начин да се стави крај на оваа војна е со целосна победа на Украина, затоа мора да се здружиме за да го оствариме тоа“, порача литванскиот шеф на дипломатијата Габрелиус Ландсбергис во Минхен. 

Во ЕУ пак штанцаар санкции за кои нема точни податоци колку се применуваат. 

„Овој пакет е еден од најшироките одобрени од ЕУ. Ќе биде подложен на писмена процедура и ќе биде формално одобрен на 24 февруари“, се вели во соопштението на ЕУ  „на втората годишнина од конфликтот.“

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека со новиот пакет, ЕУ ќе додаде речиси 200 лица и ентитети на списокот со санкции.

„Со овој пакет, преземаме повеќе активности против субјектите вклучени одбранбениот и воениот сектор“, рече тој во изјавата.

Од почетокот на руската војна против Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе 12 групи санкции против Русија, забранувајќи увоз и извоз на нафта и јаглен и извоз на високотехнолошки производи, и ги исклучи руските банки од меѓународниот платен систем СВИФТ. Овие санкции беа испровоцирани од смртта на Алексеј Навални и паѓањето на Авдиивка во руски раце.

Велика Британија пак воведе санкции кон раководителите на затворот каде што умре Навални што се наоѓа во Сибир и копи тешко ќе дознаат дека има таква одлука , а не пак да почуствуваат некакви последици.