Касами ќе ја градел одамната урнатата Саат кула во Тетово

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на прес-конференција ги образложи заложбите за проекти во областа на културата доколку го добие вториот мандат од граѓаните.
Според него еден од најважните проекти е изградбата на Саат кулата која постоела во Саат маало.
„Со тоа му го враќаме на Тетово неговиот оригинален идентитет и му додаваме уште една туристичка атракција на нашиот богат град. Покрај тоа, ќе изградиме современа библиотека и читална, опремени со современа литература, простории каде што младите ќе можат да учат и да се развиваат. Ќе формираме општинска културна установа, ќе воспоставиме нови културни и уметнички манифестации и ќе ги поддржиме младите креатори“, рече Касами.
Тој образложи дека на почеток на првиот мандат биле организирани десетици настани, активности, фестивали и организации на збиднувања поврзани со културата.