Алкараз фуриозно до финале во Париз


Париз – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз, откако во полуфиналето со 2-0 во сетови го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Алкараз домининтно и лесно стигна до мечот во кој ќе се бори за златниот медал со подобриот од Ѓоковиќ – Мусети, кој е на програмата вечерва од 19 часот.

Шпанецот двата сета ги доби со по 6-1, и така обезбеди место во финалето. Тоа значи дека Алкараз има минимум сребро, додека Оже-Алијасим и натаму има шанса за медал, оној бронзениот, откако ќе игра меч за трето место со поразениот од дуелот Ѓоковиќ – Мусети.