Карл Билд и Флоријан Бибер: ЕУ и Бугарија се криви за политичката криза во Македонија


Политичкиот аналитичар Флоријан Бибер и поранешниот шведски премиер Карл Билд сметаат дека блокадите на патот кон Европската Унија и ветото на Бугарија се причина за најновиот заплет на политичката ситуација во Македонија кој според сите сознанија ќе резултира со формирање на ново парламентарно мнозинство.

На својот твитер налог Бибер вели дека владата го изгубила мнозинството и дека по неочекуваната оставка на Заев се отвориле две можности, за формирање нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса на Албанците и од Беса или за предвремени избори.

„Во секој случај, голем дел од одговорноста лежи кај Европската Унија и кај Бугарија“, прецизира Бибер.

И  ко-претседавачот со Европски совет за меѓународни односи Билд ја потврдува тезата на Бибер со укажување дека таа е точна.

„Бугарската блокада за отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ, откако се сметаше дека се надминати француските напори за успорување на процесот, доведе до вакви последици“,пишува Билд.