Карим Бензема е новиот фудбалер на Ал Хилал
Ријад – Францускиот фудбалер Карим Бензема е новиот фудбалер на Ал Хилал, објави клубот од Ријад вечерва. Искусниот Французин пристигна од Ал Итихад како слободен играч и потпиша договор на година и пол.
Овој трансфер на Бензема во редовите на лидерите во првенството крена голема бура бидејќи Кристијано Роналдо е незадоволен од тоа како се управува со лигата, а главниот конкурент е посилен, па затоа не играше за Ал Наср против Ал Ријад, а се споменува и можноста да ја напушти Арабија на лето. Бензема ќе биде соиграч на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал.