Кандидатот на ВЛЕН за Гостивар имал решение за развојот на градот


Сабаедин Даути

 

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата ВЛЕН, Себаедин Даути на денешната прес-конференција се осврна на проблемите со долгот и раководење со локалната самоуправа.

Даути истакна дека Гостивар е најзадолжената општина во Македонија, со активен долг од 20 милиони евра. Тој го критикуваше и раководењето на јавните претпријатија и нагласи дека во градот нема ниту чистота, ниту одржувана инфраструктура, ниту видливи инвестиции.

„Ова е последица на 8 години лошо управување, недостаток на транспарентност и злоупотреба на јавните средства. Затоа, време е за решенија. Нашето решение е за Гостивар без долгови и со современо управување“, рече Даути.

Како мерки кои ќе придонесат за зголемена ефикасност и увид во трошењето на парите, Даути кажа дека тоа ќе се прави со ревизорски преглед на секој договор, трошок и одлука на општината, пата граѓаните ќе знаат каде оди секое нивно евро. Даути предвидува финансиски план за отплата на долговите на контролиран начин во рок од четири години, без запирање на основните инвестиции.