Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ или не – зошто Арсовска го тужи Каевски


Од среќните и заеднички времиња на Христијан Мицкоски и Данела Арсовска

 

Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска се одржа рочиште околу тужбата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, против портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски. По завршувањето на рочиштето каевски изјави дека причините за тужбата биле апсурдни. Според него, Арсовска се обидувала преку неаргументирани и недокажани тужби да го тргне фокусот дека за шест месеци нема никакви проекти и не ги испорачала работите и ветувањата којшто ги дала пред скопјани.

Каевски вели дека презентирал докази дека фирмите на градоначалничката имаат сериозен долг за струја и од ЕВН и од Централен регистар.

„Градоначалничката Арсовска се чуствувала навредена и повредена и тоа што сум кажал дека била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, па оттука се легитимни прашањата којшто треба да ги поставиме, дали Данела Арсовска се чуствува навредено и омаловажено што била кандидат поддржана од ВМРО-ДПМНЕ? Фирмите воопшто не беа предмет ниту на дискусија, ниту доказите. Предмет на дискусија беше насочен како јас докажувам дека била кандидатка на ВМРО-ДММНЕ“, рече Дарко Каевски по завршувањето на рочиштето.