Канадски шок за Медведев: Русинот го заврши настапот на ОИ во Париз


 

Данил Медведев го заврши настапот на Олимписките игри во Париз, откако денеска загуби во дуелот со Феликс Оже-Алисим.

Русинот потклекна во осминафиналето во кое канадскиот ривал диктираше темпо и заслужено го доби мечот во два сета.
 
Оже-Алиасим во првиот сет беше подобар со 6:3, имаше брејк и во вториот, но мораше да игра тај-брејк, во кој повторно беше поуспешен од Медведев и не дозволи трет сет и потенцијален пресврт.

 

Ова значи крај на настапите на четвртиот носител на олимпискиот турнир во Париз, а Оже-Алиасим во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Руд и Серундоло.

 

Медведев претходно загуби и на турнирот во мешани двојки, а во сингл беше дел од ждребот на Карлос Алкараз, односно можеше да му биде полуфинален противник на еден од фаворитите за трофејот во Париз.