Кан 2023: Вим Вендерс, Алмодовар, Џони Џеп, Д Викенд…

Високобуџетни филмови и големи ѕвезди се најавени на Канскиот фестивал кој се одржува од 16 до 27мај


Париз– Новите филмови на Вес Андерсон, Алис Рорвачер, Хироказу Коре-еда, Тод Хејнс и Вим Вендерс ќе се натпреваруваат за Златната палма на Канскиот филмски фестивал, кој годинава  се пофали со рекорден број на филмови во режија на жени.

Канскиот уметнички директор Тиери Фремо и претседателката Ирис Кноблох, која ја презеде функцијата минатата година од Пјер Лескур, ја објавија програмата со филмови од големи меѓународни автори, заедно со некои нови лица, на прес-конференцијата во Париз.

Во конкуренцијата за Златна палма на годинашниот филмски фестивал во Кан се 19 филмови, меѓу кои блескаат петте поранешни победници, британскиот режисер Кен Лоуч (добитник на Златна палма во 2006 и 2019, а ова ќе биде негово 15-то учество), Италијанецот Нани Морети (2001 добитник на Златна палма, најдобар режисер во 1994, а ова е неговото 9-то учество), Турчинот Нури Билге Џејлан (2014 добитник на Златна палма, двапати доби Гран при и еднаш наградата за најдобар режисер, а ова неговото седмо учество), германскиот режисер Вим Вендерс (1984 добитник на Златна палма, а во селекцијата е по 10. пат) и Јапонецот Хироказу Коре-еда (добитник на Златна палма во 2018 и на наградата на жирито во 2013, а по седми пат во Кан).

Во селекцијата се и петмина познати претенденти, како Италијанката Алис Рорвахер (Гран при во 2014 и најдобро сценарио во 2018, по ретпат во Кан) и Марко Белокио (неговото 8-мо учество), Финецот Аки Каурисмаки (Гран при во 2006, а петти пат во Кан) и Тод Хејнс од САД (награда за најдобар уметнички придонес во 1998, 4. пат на фестивалот) и Вес Андерсон (по ретпат во Кан). Ќе има и три режисерки: Австријката Џесика Хауснер и француските авторки Катрин Брејлат (се враќа по 2007) и Жустин Триет. Шест кандидати се за првпат во селекцијата за Златна палма (од кои двајца со документарни филмови, што е многу ретко во конкуренцијата во Кан), меѓу кои и француски режисер со виетнамско потекло Тран Ан Хунг (Златна камера во 1993 и Златен лав во 1995), и англискиот режисер Џонатан Глејзер.

Кан често е под критики за изборот на неколку филмови од жени за својата престижна натпреварувачка постава. Само две режисерки некогаш ја освоиле Златната палма: Џејн Кемпион во 1993 година за „Пијано“ и Џулија Дукурнау во 2021 година за „Титан“. Иако шест од 19 филмови се ново високо ниво, сепак паѓа под паритетот што некои го бараа.

Веќе беа најавени неколку од најсјајните премиери на Кан. “Indiana Jones and the Dial of Destiny” ќе дебитира во Кан, заедно со специјална почит на Харисон Форд, како и „Killers of the Flower Moon,“ на Мартин Скорсезе, неговата големобуџетна адаптација за нефикцискиот бестселер на Дејвид Гран. Фремо изјави дека го повикал Скорсезе да го прикаже филмот  во конкуренција на фестивалот, но во моментов не е планирано да се натпреварува за Златната палма.

Кан соопшти дека краткиот „Strange Way of Life,” на Педро Алмодовар, со Педро Паскал и Итан Хок, исто така ќе биде премиерно прикажан на фестивалот.

Кан започнува на 16 мај со селекцијата на отворањето на вечерта „Jeanne du Barry“, во која глуми Џони Деп како кралот Луј XV. Филмот, во режија и во кој глуми француската актерка и режисерка Маивен, е наведен како филм за враќање на Деп по неговото експлозивно судење минатата година со Амбер Херд, неговата поранешна сопруга. Фестивалот ќе трае до 27 мај.

Во Кан ќе дебитира и долгоочекуваната серија на HBO „The Idol“, од креаторот на „Euphoria“, Сем Левинсон, во која главните улоги ги толкуваат Д Викенд и Лили-Роуз Деп. 

Жирито кое ќе одлучува за Златната палма оваа година ќе го предводи шведскиот режисер Рубен Остлунд, двократен добитник на палма. Откако ја освои главната награда во Кан за „Плоштад“ од 2017 година, Остлунд ја освои минатата година за социјалната сатира „Триаголник на тагата“.

Кан доаѓа од филмска година која ја зацврсти позицијата на францускиот фестивал како несомнено премиерно меѓународно лансирно рампа за филм. Три од годинешните номинирани за најдобар филм на Оскарите беа премиерно прикажани во Кан: „Топ ган: Маверик“, „Елвис“ и „Триаголник на тагата“. (АП)