Камионџија загина на автопатот Демир Капија – Гевгелија
Педесет и четиригодишен возач од Скопје трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Демир Капија-Гевгелија, после првиот тунел.
Според информациите од полицијата, возачот З.К. вчера, управувајќи комбе со приколка удрил во заштитна ограда.
Починал на самото место.
Извршен е увид, а телото е дадено на обдукција.