Камчев нуди 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра кеш за да излезе од притвор
Еленко Миланов, адвокатот на Јордан Камчев кој е обвинет во случајот “Плацеви на Водно”, соопшти дека бизнисменот поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор во процесот. Ова е втор обид на Камчев со понудена гаранција да биде ослободен од притвор, при што тој е единствениот обвинет од случајот кој се наоѓа таму.
„Јордан Камчев е петиот осомничен, а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење, а поднесена е гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000 евра готовински, но до овој момент немаме одговор од обвинителството“, соопшти Миланов.
Според Миланов, истрагата не може да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски за друга правна квалификација, додека во моментов не е во Македонија.
„Исказ не може да даде обвинетиот Никола Груевски. Делото е така поставено што постапката не може да продолжи. Оваа постапка е започната со наредба за истрага во октомври 2020, а тогаш Груевски не се наоѓал во Македонија и не можел да биде сослушан. Обвинителката има доставено изјава од Груевски пред Обвинителство во 2015 во предистражна постапка,но пред СЈО. Првостепениот суд донесе решение за судење во отсуство за што сметаме дека е направена суштествена повреда, рече Миланов.
Тој додаде дека Груевски бил тој кој недозволените средства ги пуштил во оптек, а за тоа Камчев не е одговорен.