Калвин Харис стана татко, синот ќе се вика Мика

Диџејот Калвин Харис сега е татко, откако го доби своето прво дете со сопругата Вик Хоуп. Суперѕвездата и продуцент од Шкотска, кој стои зад многу хитови, вклучувајќи ја и „We Found Love“ со Ријана, ја сподели веста на Инстаграм со фотографии и пофалби за својата сопруга со која се венча во 2023 година.
„На 20 јули дојде нашето момче. Мика е тука!“, пишува тој. „Мојата сопруга е суперхерој и јас сум целосно воодушевен од нејзината исконска мудрост! Те сакаме толку многу, Мика.“
На првата фотографија е Харис како го држи своето новороденче, додека две други слики покажуваат моменти од породувањето на двојката во вода дома.
Неколку коментатори го пофалија Харис за споделувањето на толку интимни моменти со неговите следбеници, вклучувајќи ги и родителите кои имале слични искуства со породување. Еден пишува: „И јас бев мајка што породила во вода. Едно од најубавите искуства досега.“
Друг споделува: „Го родив синот во базен за породување дома. Беше неверојатно искуство!“