Како Унгарија влијае врз медиумите во Словенија и Македонија


Унгарија со години се обидува да влијае на медиумите во другите земји, особено во Словенија и Северна Македонија. За тоа се инвестирани милиони, известува австрискиот национален радиодифузен сервис ОРФ

 

Според пресметките на ЕУ, најмалку четири милиони евра се слеале од Унгарија во Словенија и Северна Македонија од август 2018 година преку најмалку три компании кои имаат блиски врски со партијата на премиерот Виктор Орбан, Фидес. Од нив 1,5 милиони евра имаат корист главно словенечките медиуми, кои се блиски до словенечкиот премиер Јанез Јанша. Потоа се вели дека преку Словенија заминале 2,5 милиони евра во Северна Македонија, особено до медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, пишува австрискиот јавен сервис ОРФ во објавената анализа.

Еве го текстот на ОРФ во целост:

„Десничарската популистичка унгарска влада сериозно ја ограничува слободата на медиумите во земјата на ЕУ и со тоа ги крши темелите на демократијата. Европскиот парламент, меѓу другото, го осудува ова. Но, тоа не е доволно – Унгарија со години се обидува да влијае на медиумите во другите земји, особено во Словенија и Северна Македонија. Инвестирани се милиони. Всушност, тешко дека постои друга земја на ЕУ каде носталгијата за териториите на кои некогаш ѝ припаѓале е толку голема како во Унгарија.

Како дел од монархијата на Хабсбурзите, земјата некогаш изгуби над 60 проценти од својата територија во Првата светска војна. Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој сака да се слика пред мапите на историска Унгарија, не се грижи за враќање на овие области, туку за наклонетоста на соседните земји и другите држави од Западен Балкан. Орбан во август го отвори огромниот споменик на националното заедништво во Будимпешта, кој има за цел да ја одбележи комеморацијата на поранешна Голема Унгарија. Тој исто така најави дека ќе „започне нова ера“ со Словачка, Србија, Хрватска и Словенија. Медиумската работа се чини дека е важен дел од овој план. Веќе неколку години, пријателите на партијата на Орбан, Фидес, купуваат медиумски компании во странство или се обидуваат да разменуваат со локалните креатори на медиуми.

Според пресметките на ЕУ, најмалку четири милиони евра се слеале во Словенија и Северна Македонија од август 2018 година преку најмалку три компании кои имаат блиски врски со партијата Фидес. Од ова, се вели дека 1,5 милиони евра имаат корист главно словенечките медиуми, кои се блиски до словенечкиот премиер Јанез Јанша и неговата десничарска конзервативна Словенечка демократска партија (СДС). Потоа се вели дека преку Словенија заминале 2,5 милиони евра во Северна Македонија – особено до медиумите со врски со националистичката опозициска партија Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ). Понатамошните исплати на словенечката телевизиска станица Нова24ТВ, пријателска на СДС, пред изборите во јуни 2018 година од страна на разни унгарски компании поврзани со Орбан, според проценките на Европските зелени, биле околу 2,4 милиони евра.

Според истражувачки новинари од Северна Македонија, неодамна во северномакедонските медиуми се слеале над 3,2 милиони евра, претежно преку унгарскиот менаџер за медиуми Питер Шац, кој ужива големо влијание во Словенија и управува со два медиуми во Северна Македонија. Се вели дека овие средства од Унгарија се добиени за измислени реклами за маслиново масло и магнети за фрижидери.

Според словенечкиот портал за вести ‘Нецензурирано.си’, долгогодишниот неофицијален советник на Орбан, Арпад Хабони, ќе биде клучна личност. Тој се смета за неофицијален мозок зад антимиграциските кампањи и антисемитски „лажни вести“ за американско-унгарскиот филантроп Џорџ Сорос, иако неговата позиција во Фидес или унгарската влада не е утврдена. Словенечката асоцијација на новинари, пак, забележа дека обидите за дискредитација на северномакедонската влада и интензитетот на нападите отишле толку далеку што тие ја загрозиле слободата на медиумите и демократијата во двете земји. ‘Дезинформациите во Западен Балкан, но и во ЕУ, се сè поголем проблем на демократијата’, рече европратеникот од Зелените, Томас Вајц, за ОРФ.ат. ‘Пријателите на медиумските олигарси на Орбан се опасност за младите демократии на Западен Балкан’.

Неколку парламентарци на ЕУ, покрај Вајц, исто така социјалдемократите Кати Пири, Тонино Пицула и европратеникот од Социјалдемократската партија на  Австрија, Андреас Шидер, се одлучно против практиката на Унгарија за ослабување на демократијата. „Тој (Орбан) зема милиони во свои раце да се спротивстави на Европската унија кај населението и да ги дискредитира проевропските политичари како премиерот Зоран Заев“, рече Шидер за ORF.at. Шидер претседаваш на делегацијата на Северна Македонија и член на Специјалниот комитет за дезинформации и странско влијание. ‘Лажните вести и влијанија не секогаш доаѓаат од Кина или Русија, туку сѐ почесто од Унгарија’, продолжува Шидер. Во февруари 2020 година, европските социјалдемократи упатија усно прашање до Комисијата на ЕУ да даде коментар за ова прашање. Комисијата не даде одговор.

Студија на парламентот на ЕУ вели дека кампањите за дезинформација сѐ повеќе се забележуваат во медиумите во Северна Македонија. Меѓу другото, овие би имале за цел да ги оштетат меѓународните односи, на пример, со Грција и да ги интензивираат внатрешните конфликти меѓу етничките Македонци и етничките Албанци. Според студијата, биле направени обиди и за нарушување на изборите, како што е референдумот за промена на името на Македонија во Северна Македонија во септември 2018 година.

Европските зелени затоа ја повикуваат Комисијата на ЕУ да ги зајакне независните медиуми и да обезбеди транспарентно финансирање во ЕУ. Особено во случајот на Северна Македонија, која сака да влезе во ЕУ, ова е од суштинско значење. Тие исто така сакаат да ги разјаснат веќе извршените трансакции и независна и долгорочна структура за финансирање на слободните медиуми во Европа.

‘Ако се покаже дека Орбан навистина го искористил своето влијание таму за да предизвика антиевропска пропаганда, тогаш тоа е нелегитимно мешање во работите на друга држава’, рече Вајц. Потоа, Комисијата мора да разјасни од каде потекнуваат овие пари за да се осигури дека немало злоупотреба на средствата на ЕУ.

На листата за слобода на печатот на ‘Репортери без граници’ за 2020 година, Унгарија е на 89. место од 180, Северна Македонија е на 92. и Словенија е на 32. место“. (ОРФ.ат)