Како стана нова Старата чаршија?


Иако со години се најавува дека ќе се заштити автентичниот лик на Старата чаршија, таа е препуштена на самоволие и импровизации, до таа мерка што е претворена во некој вид пластичарска улица.

Освен градежната узурпација, пренатрупаност и негрижа, таа се повеќе со декорациите и боите наликува на некои други „чаршии“ во светот и ги губи своите обележја што ја прават уникатна и привлечна за туристите.

Овие неколку фотографии го доловуваат најмногу тој нов имиџ на старата чаршија во која наликува на Псири во Атина дотаму што има и ресторан со име „Миконос“.