Како Скопје стана растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот ?
28. Моден викенд Скопје- уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата
Чифте амам ќе биде локацијата на која на 14 март ќе биде свеченото отворање на денови на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнината од првото издание на Пинокио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот.
Следниот ден, на 15 март, како и лани, така и оваа, East Gate Mall ќе биде домаќин на модно шоу, во кое сите присутнои гости и посетителите на трговскиот центар ќе ги дознаат најновите модни трендови од 20 врвни италијански брендови и со тоа ќе се означи почетокот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Модната ревија ќе има за цел да ја спои традиционалната италијанска мода со современите трендови и одржливите практики, поставувајќи нови стандарди во оваа индустрија.
„Неизмерно сме горди што и годинава како Моден Викенд Скопје сме тука со Деновите на италијанскиот дизајн. Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата“ – стои во изјавата на организаторот.
Покрај Деновите на италијанскиот дизајн, Моден Викенд Скопје планира и низа активности до крај на март насочени кон застапување на одржливи модни иницијативи. Програмата вклучува интерактивни работилници, поп-ап локација Ready, Steady, Shop! посветена на “бавната мода” и простор за излагање на македонските модни брендови, како и можности за вмрежување. Сите настани се дизајнирани да поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизјанот.
Настанот ќе кулминира на 28 и 29 март со ревии на домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили. Големото финале е закажано за 30 март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции.
Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата.
Моден Викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа безмалку 15 год, FWSK е посветен на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата.