Каде е судијата Ѓоко Ристов – го исклучил телефонот и отишол на боледување?
Но МВР и Обвинителството не кажуваат дали е тука судијата Ристов, кај чии родители во Неготино денеска во ѕид од домот беа пронајдени соѕидани 350.000 евра. Овие пари му се без покритие, кажа истрагата. Од Обвинителството за гонење организиран криминал доцна вечерва одговорија дека „деновиве јавниот обвинител ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот“.
Пред една недела тој на работа во Апелациониот суд Скопје им кажал дека е болен и оти ќе замине на боледување. Оттогаш колегите не го виделе. Мобилен телефон престанал да користи од пред месец и неколку дена, откако се отвори истрагата против адвокатот Фехми Стафа за подмитување судија во Скопска апелација односно на Ѓоко Ристов.