Јужна Кореја ќе обезбеди доволно вакцини за околу 60 отсто од населението
Јужна Кореја ќе обезбеди доволно вакцини против Ковид-19 за 30 милиони луѓе или околу 60 проценти од населението во државата, соопшти денеска Министерството за здравство.
Проценето е дека се потребни две дози на вакцина за едно лице да стане имуно на вирусот.
За да ги прими вакцините од механизмот COVAX, државата ги достави своите документи за влез во меѓународната организација на 31 август и до петок ќе испрати законски обврзувачко писмо за потврда. Земјата ќе плати аконтација од 172,3 милијарди вони (145,5 милиони американски долари) за да се приклучи до 9 октомври и да побара зделки со глобалните фармацевтски компании.
Претходно, Министерството за здравство соопшти дека земјата има за цел да развие вакцина во 2021 година.