Јункер ја отсвири „Одата на радоста“ за време на Самитот Г20


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на маргините на Самитот на Г-20, што се одржува во јапонскиот град Осака, на клавир ја отсвири Химната на ЕУ – „Одата на радоста“.

Фотографија од изведбата на Јункер на Твитер објави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас со коментар: „Одата на радоста на мултилатерализмот“

– Ние веруваме во трговијата, бидејќи таа од полза за нас и за другите. 36 милиони работни места во ЕУ се поддржани од извозот, а речиси 700.000 мали бизниси имаат корист од меѓународната трговија, напиша Схинас под фотографијата.

Официјалната химна на ЕУ е дело на германскиот поет Фридрих Шилер, кое композиторот Лудвиг ван Бетовен го искористил како композиција во неговата Деветта симфонија.