Јункер: Државите членки се едогласни – нема повеќе преговори за Брегзит
Како држава во изминативе години направивме голем исчекор, со социјалната реформа прв пат како универзално право за сите домаќинства со ниски приходи се воведува детски и образовен додаток, кои во ЕУ се сметаат за стандард во делот на поддршка на намалување на детската сиромаштија и за пристапот на сите деца до образование во државите од ЕУ. Се воведува гарантирана минимална помош и социјална сигурност за старите лица, со што директно влијаеме на намалување на сиромаштијата, посебно на детската сиромаштија, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Таа во обраќањето на националната конференција „Иницијатива за социјална димензија” (SDI) за Западен Балкан на тема „Никој не е изоставен во процесот на ЕУ интеграции”, што се одржа денеска во Владата, рече дека со оваа реформа може да се очекува намалување на апсолутната сиромаштија и детската сиромаштија на речиси нула, а релативната сиромаштија, како што појасни, би требало да оди околу два до три проценти. Соработката меѓу социјалните служби и службите за вработување се воспоставува првпат од осамостојувањето.
Иницијативата за социјална димензија, посочи министерката, ќе даде посебен осврт на социјалните политики на земјите од Западен Балкан во процесот на приклучување. Потенцира дека ќе се осврне на тоа како треба да ги подобрат социјалните политики и во која насока тие треба да се движат за да ги пресретнат стандардите на социјалните политики во ЕУ. Таа ја повика ЕУ да ја продолжи и продлабочи соработката во областа на социјалната политика со регионот.
Раководителката на операција II-Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Вирве Вимпари и честиташе на Владата, а особено на министерката Царовска за реформите кои веќе се во тек. Како што јасно беше назначено во извештајот на ЕК за оваа година, нагласи таа, направен е прогрес во делот на социјалната инклузија и заштита особено новиот закон за социјална заштита.
– Сиромаштијата за жал се уште е реалност за повеќето од граѓаните. Но, сме среќни што имаме можност да слушнеме од една точка на ЕУ дека се прават одредени напори од страна на министерствата и владата во оваа насока. Главните реформи на оваа тема се во тек и се дел од определбите на сите засегнати страни, бараат посебни капацитети и човечки ресурси за да се имплементираат соодветно, потенцира Вимпари.
Германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих рече дека темата на конференцијата „Никој не е изоставен во процесот на ЕУ интеграции” се однесува на тоа да се вклучат социјалните права за ранливите групи во општеството и додаде дека во оваа насока работат заедно со невладините организации, со општините и Министерството за труд и социјална политика, за да може да ја промовираат инклузијата на ранливите категории и да се подобрат нивните животни услови.
– Треба длабоко во реформите да влеземе за да може опипливи резултати да им дадеме на сите граѓани, во сите процеси, членовите на сите сфери од општеството, верски и етнички групи мора заедно да работат за да ги надминат разликите и поделбите во општеството, додаде Герберих.
На конференцијата се обратија и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјата Росана Дуџак, регионалниот директор за Југоисточна Европа– АСБ Елмир Бојаџиќ и извршниот директор на Здружение Отворена порта- Ла Страда, Јасмина Д. Рајковска, а беше емитувано и видео обраќање од претседавачот на Федералниот одбор на АСБ, Кнут Фленкенштајн.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 учесници, вклучително и претставници на Владата, Германска амбасада, претставници на локални и регионални невладини организации, претставници на меѓународната заедница и општините, како и членови на регионална ИРИС мрежа која брои повеќе од 200 членки, даватели на социјални услуги.