ЈП „Лајка“ ја поддржа иницијативата „Social Friday“


Петок повеќе не е денот кога ги броите минутите за да си заминете порано од работа. Во рамките на глобалната иницијатива #SocialFriday денеска нашите волонтери беа од институтот за дигитален маркетинг Galeksia.

Дел од вработените со своите најмили одлучија овој петок работниот ден да го поминат помагајќи им на бездомните животни во прифатилиштето.

Необичен петок во кој кучињата добија многу гушкање и подароци, а нашите вработени голема помош.

Иницијативата #SocialFriday има за цел да ги претвори петоците во општествено одговорни практики, со тоа што вработени кои работат во канцеларии излегуваат на терен и реализираат волонтерски акции.

Иницијативата „Social Fruday“ има за цел да ги претвори петочните попладневни часови во општествено одговорни практики, со тоа што вработени кои работат во канцеларии излегуваат на терен и реализираат волонтерски акции.

Ги повикуваме сите општествено одговорни компании да се приклучат на иницијативата и да се пријават на [email protected]