ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе контролира и ќе казнува незаконско одлагање на отпад
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје информира дека од денеска ќе ја засили својата контрола на терен, а од Градот Скопје ќе побараат да се засили инспекцискиот надзор со цел откривање и санкционирање на незаконското одлагање на отпад во нивните садови.
Апелираат до сите општини во Град Скопје да внимаваат на законските обврски и можности за акциите за одлагање кабаст отпад и градежен шут. Појаснуваат дека повиците за одлагање кабаст отпад и градежен шут што ги организираат скопските општини би требало да бидат спроведени со ресурси на општините, а доколку немаат ресурси, таквите акции се спроведуваат со претходен договор со „Комунална хигиена“.
– Во спротивно, одлагањето на собраниот кабаст отпад и градежен шут во садовите за одлагање на отпад поставени од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје е незаконски, се вели во соопштението од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.