Јоахим Лев – светлите точки и сенките на германскиот селектор
Мандатот на германскиот селектор Јоахим Лев завршува со испаѓањето на германската репрезентација во осминафиналето на ЕУРО2020 по поразот од Англија. Лев доживеа бројни успеси, но и бројни критики.
Ерата на Јоахим Лев сепак не заврши славно. Желбата на германскиот фудбалски селектор беше 15-годишниот мандат да го заврши со успешен турнир, најрадо со титулата европски фудбалски првак. Се случи поинаку: германската репрезентација на ЕП со одделни не толку храбри настапи и 0:2 во осминафиналето против Англија, стигна до крајната станица. Лев заминува како поразен, повторно се засилуваат гласовите дека ќе му беше подобро ако се повлечеше уште по ЕП пред пет години.
Линк до целиот тескт на Дојче Веле тука