Јелен: Можно поскапување на бензините во текот на зимата

Американската министерка за финансии Џенет Јелен предупреди дека може да дојде до скок на цените на бензинот во САД во текот на зимата, доколку Европската унија значително го намали купувањето на руска нафта.
„Ова е ризикот што се обидуваме да го решиме со одлуката за ограничување на цените за увоз на руски енергетски производи“, изјави Јелен за Си-Ен-Ен, пренесе Ројтерс.
Планот за ограничување на цените на Групата седум (Г7) им предлага на членовите да задржат осигурување, посредување, финансирање и други услуги за транспорт на руска нафта доколку нејзината цена е над границата за која тие се договорија.
Според Јелен, ограничувањето на цената има за цел да го намали приходот на Русија.