Jавните комунални претпријатија ќе се јакнат со нова поддршка од Швајцарија од 7,5 милиони швајцарски франци

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата.
Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Вероник Улман.
Договорите, во вкупна вредност од 7,5 милиони швајцарски франци, се наменети за техничка и финансиска поддршка на јавните комунални претпријатија во седум општини низ Северна Македонија, со цел подобрување на нивната отпорност, ефикасност и одржливост.