Јавниот превоз во вторник ќе сообраќа по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено


Фото: Б. Грданоски

Во вторник (24.05.2022 година), поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.

Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Во вторник, Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник објектот нема да работи.