„Јавна соба“ со мрачни тајни

Девојки сведочат за скандалознатa група на „Телеграм“ која по една гoдина е повторно активна. Се објавуваат експлицитни видеа и фотографии, полицијата немоќна, обвинителството незаинтересирано
Скандалозната група „Јавна соба“ по една година повторно оживеа. Откако со месеци, барем привидно, беше запрена активноста на членовите на групата кои јавно шиканираа и објавуваа експлицитни фотографии на малолетни девојчиња, деновиве повторно е разбранувана јавноста, откако дел од жртвите алармираа за нови злоупотреби. Во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ има повеќе од 6.500 членови и се споделени околу 10.000 фотографии и видеа. МВР истражува кој стои зад групата и ги повикуваат граѓаните да пријават злоупотреби. Тврдат дека наишле на ѕид од страна на „Телеграм“ кои не сакаат да соработуваат за да се сузбие групата. Првата „Јавна соба“ на „Телеграм“ беше откриена лани, па по реакциите во јавноста беше затворена. Досега никој не одговарал за злоупотребата.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука