Јавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за парк на природата
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ја известува заинтересираната јавност дека почнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – парк на природата.
– Министерството, заедно во соработка со Општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите повикувајќи ги да земат учество по нацрт-законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – парк на природата – се вели во соопштението од МЖСПП.
Од таму сметаат дека јавната расправа претставува важен чекор во процесот на транспарентно носење одлуки и трајна заштита на природните богатства на нашата држава.
Настанот е закажан на 7 април 2026 година (вторник) од 11 до 13.15 часот во салата за состаноци, Општина Дебрца.
Текстот на нацрт-законот е веќе достапен за јавноста и може да се разгледа на единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР): www.ener.gov.mk и на официјалната веб-страница на МЖСПП: www.moepp.gov.mk.