Јавна поддршка за Трамп во Кичевско
Секако дека поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, има многу поддржувачи во Македонија. Некои од нив навиваат за него на претседателските избори во ноември поради тоа што се дел од десничарската идеолошка структура. Некои го претпочитаат поради неговиот успех во бизнисот и што стана милијардер. Некои, пак, ја имаат на ум тврдата реторика против имигрантите. Некои сакаат повеќе маж да биде претседател на Америка отколку жена.
Но ретко кој од нив јавно и транспарентно ја покажува својата поддршка за Доналд Трамп. Овие жители на кичевското село Трапчин Дол решиле на сите да им покажат дека тие сакаат Трамп да победи на 5 ноември. Меѓу албанското и американското знаме стои еден од официјалните плакати кога почна кампањата на Трамп. Дали овие луѓе биле или се на работа или живеат во САД, нее премногу важно. Интересно е што тие јавно му ја искажуваат политичката почит на Трамп.